Ако сте од оние кои сакаат облеката секогаш да им мириса на парфем и на свежина, тогаш ви откриваме еден интересен метод со кој мирисот од омекнувачот се задржува многу подолго од вообичаено. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Едно празно шише со распрскувач-спреј, половина мала шолја од вашиот омилен омекнувач, една лажица сода бикарбона и малку врела вода. ПОСТАПКА: Во една помала чаша истурете една супена лажица сода бикарбона и прелијте со малку врела вода.




Мешајте додека сода бикарбоната целосно се раствори во водата. Потоа течноста претурете ја во пластично шише со распркувач, па додајте го омекнувачот. Протресете и ако ви се чини дека е густо, тогаш додајте уште малку врела вода.




Изедначете ја смесата (најважно е сода бикарбоната добро да биде растворена). УПОТРЕБА: Протресете го шишето пред секоја употреба. Овој спреј можете да го користите за крпи, завеси, постелнина, алишта, теписи и слично.




Особено е делотворно за завеси: наутро испрскајте ги завесите, па отворете ги ширум прозорците за да може воздухот кој влегува да го рашири мирисот низ целата просторија.

Ќе ви откриеме уште еден интересен рецепт за приготвување на одлично средтсво кое отстранува секаква нечистотија од кујнската површина, а со него може да се мијат и загорени тенџериња и тави. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: Една мала чаша обичен течен детергент за миење садови, една супена лажица паста за заби, една супена лажица сода бикарбона и една чаша (200 мл) топла вода и едно пластично шише со распрскувач.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад истурете го течниот детергент за миење садови и додајте една полна супена лажица паста за миење заби. Добро измешајте ги двете состојки додека да добиете изедначена мазна смеса.




Во чаша топла вода растворете една супена лажица сода бикарбона, па измешајте ги двете состојки и добиената мешавина претурете ја во пластично шише со распрскувач. Со ова универзално средство можете да ги чистите сите површини во кујната и бањата, а особено се препорачува за загорени тенџериња.