Окрепнувачки сок за јакнење на организмот – ова сега ми е најпотребно за да се заштитам од вирусите

Фото и рецепт: Зорица Стајиќ

Деновиве чувствувам како да ме фатила некоја настинка, ме гребе грлото, носот ми е полузатнат, кивам…и се мислам, ми ослабел имунитетот.

Loading...

Морам некако да го зајакнам. Па се сетив на овој сок, баш ми годи, веднаш го приготвив…

Потребни состојки:

1 главица цвекло
½ корен од целер
2-3 моркови
1 поголемо јаболко
1 лимон
малку ѓумбир (не мора кој не сака)

Постапка:

Цвеклото добро измијте го и изупете го, па исечете го на помали парчиња, доволно за да може да се обработи во блендерот, или уште подобро во соковник.

Јас немам соковник, па морав сокот да го правам во блендер. Додадете ги сите останати состојки освен лимонот. Во добиената смеса додадов и неполна чаша вода. Добро измешајте и оставете да отстои преку ноќ во фрижидер.

Следното утро процедете го низ газа и во чистиот сок исцедете и еден лимон.

Кој сака може да додаде и малку мед.

Фото и рецепт: Зорица Стајиќ

 

Loading...