И покрај тоа што лимонот е кисел, сепак тој може да се расипе како и секое друго овошје. Наборите, меките и тврди дамки, како и темната боја, се знак дека лимонот започнал да го губи својот вкус и сок. Ова ќе го спречите ако лимонот го чувате на соодветна температура.

1.ЧУВАЊЕ НА ЦЕЛИ ЛИМОНИ

Ако имате намера да ги искористите лимоните во рок од неколку денови после купувањето, тогаш чувајте ги подалеку од директна сончева светлина. После неколку денови, ако не ги искористите, тие ќе започнат да дехидрираат, да ја губат бојата и да им се појавуваат дамки.

Ако сте купиле поголема количина кои нема во скоро време да ги користите, тогаш ставете ги во кеса и вакумирајте ги или исфрлете го воздугот од кесата колку што тоа е возможно. Чувајте ги во фрижидер. На овој начин тие ќе сочуваат поголем дел од сокот и вкусот подолго ќе им трае – околу 4 седмици.

Идеална температура за чување на зрели (жолти) лимони е помеѓу 4 и 10 степени. Кај повеќето фрижидери таа температура е на средните полици, како и на вратата.

2.ЧУВАЊЕ НА ПРЕСЕЧЕН ЛИМОН

Исечениот лимон треба да биде покриен. Еве неколку начини како да се намали губитокот на сочност и оксидацијата кај лимонот кога ќе дојдат во контакт со воздух:

-Ставете половина лимон на чинија, со пресечениот дел надолу.

-Завиткајте го лимонот во пластична фолија.

-Ако имате мал херметички сад, тогаш ставете ги парчињата лимон во него.

3.ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЛИМОН

Иако може да трае подолго од другото овошје, лимоните може да се искористат во рок од 2 до 3 дена после сечењето. Можете да замрзнете исечени парчиња лимон за разни пијалаци. Потребно е да ги наредете на хартија за печење, така да не се допираат. Оставете ги да се замрзнат, па потоа ставете ги во кесичка и повторно вратете ги во фрижидер.

Замрзнувањето на лимонот (или било кои други намирници) на пек-хартијата (масна хартија за печење), спречува парчињата да се залепат едни за други. Замрзнатите парчиња е најдобро да се додаваат во ладни напитоци и тоа директно од замрзнувач, додека се сè уште тврди.

4.ЧУВАЊЕ НА СОК И КОРА ОД ЛИМОН

Цедениот сок од лимон и покрај тоа што е кисел, сепак може да развие бактерии ако стои на собна температура. После 2-4 дена стоење во фрижидер, лимоновиот сок ќе започне да го менува вкусот и постепено ќе започне да се расипува. Веднаш фрлете го кога ќе потемне или ќе го изгуби вкусот, а тоа обично се случува на седмиот до десеттиот ден. Сокот треба да се чува во темни шишиња.

Купечкиот лимонов сок обично содржи конзерванси кои го продолжуваат рокот на траење до неколку месеци. Замрзнете го преостанатиот сок во сад за правење коцки мраз. Тоа е најлесниот начин да го замрзнете вишокот сок. Потоа ќе можете да коцките смрзнат сок да ги префрлите во кеса и по потреба да си вадите и користите.

Кората од лимон се чува во херметички садови. Се чува на ладно и суво место. Свежо ренданата кора од лимон е вистински мамец за бактериите. Затоа е потребно да ја искористите во рок од 2 до 3 дена.

Кората од лимонот можете да ја замрзнете како и сокот од лимонот.

5.ЧУВАЊЕ НА ЛИМОНОТ ВО СОЛ

Постои еден старински начин за чување на лимоните – а тоа е да се стави во сол. На тој начин лимонот го задржува свежиот изглед. Еве како:

Исчистете ги лимоните и измијте ги. Немојте да ги миете со сапун или некоја течност што содржи хемикалии, туку со течност која содржи оцет и сода бикарбона.

-Лимоните исечете ги.

-Во тегла ставајте ред сол, ред лимон. Можете да користете било каков вид на сол, само да не содржи јод. Јодот ќе ја промени бојата на лимонот.

Ако теглата се чува во фрижидер, лимонот конзервиран на овој начин има рок и до една година.

Кога ќе сакате да го искористите овој лимон, само земете едно парче, исперете ја солта и лимонот користете го исто како и свежиот лимон. Многу едноставно.