Одлични печива БУХТЛЕ полнети со џем или еурокрем

Рецепт и фото: Босилка Николиќ

Одлични се, во слатка варијанта, а некои ги полнат со сирење.

Потребни состојки:

100 мл млеко
2 лажички квасец
1 лажица шеќер
1 лажица брашно

Се остава покриено да се активира.

Потребно е уште:

200 мл млеко
1 јајце
100 г путер
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
Околу 500 г брашно
Рендана кора од лимон

Постапка:

Млекото загрејте го па во него додадете јајце и малку со маталка разматете, путерот растопете го и изладете го. Во еден сад ставете ги сите суви состојки, па додавајте ги влажните една по една состојка. Замесете мазно и меко тесто кое не лепи на раце и оставете го на топло за да го удвои својот волумен.

бухтле

Потоа тестото истресете го на набрашнета работна површина и поделете го на 16 делови, а секој дел со рака малку развлечете го и полнете го со фил по желба. Формирајте топчиња и редете ги во тепсија.

бухтле

Оставете ги да нараснат барем уште половина час, повторно премачкајте ги со путер или млеко, па во ладна рерна печете ги на 160 степени околу половина час.

Кога ќе изладат наросете ги со шеќер во прав.

бухтле

Рецепт и фото: Босилка Николиќ