Можеби звучи како излитено клише дека „очите се огледало на душата“, но научниците од Универзитетот во Оребро, Шведска, ја докажаа вистинитоста на оваа изрека.

Имено, тие спровеле истражување во кое учествувале 428 испитаници, настојувајќи да пронајдат поврзаност помеѓу бојата на очите и карактерот на личноста. Резултатите од истражувањето беа пренесени во Riseearth.

КАФЕАВИ ИЛИ ТЕМНИ ОЧИ

Вие сте природен водач. Родени сте да ги водите луѓето низ животот и да им бидете пример. Не сте љубител на алкохол, но затоа го сакате спортот. Пронајдете ја во себе внатрешна сила и ќе можете да завладеете со светот.

сини очи

СИНИ ОЧИ

Психички сте толку силни што понекогаш ги нервирате луѓето околу себе. Луѓето поскоро би ве осудиле уште пред да ве запознаат. Ве гледаат како инфериорни. И покрај тоа, жените со сини очи се потелерантни на болка и полесно го поднесуваат пораѓајот.

Покрај тоа, способни сте да се носите со било кој облик на анксиозност или депресија подобро од другите. Амбициозни сте и во професионалниот свет ништо не може да ви застане на патот.

СИВИ ОЧИ

Оваа боја на очи е многу ретка и доколку ја имате, вие сте исклучително урамнотежена, смирена личност. Сепак, имате и еден внатрешен дел кој тешко го контролирате. Тежнеете кон одбрана и ги терате луѓето да работат повеќе за да надминат одредени препреки.

ОЧИ СО БОЈА ЛЕШНИК

Вие сте посебни уште од детството. Независни сте, самоуверени и спонтани. Вашата личност е тешко да се предвиди. Во тоа нема ништо лошо, добро е да се бара од луѓето во вашиот живот да се потрудат повеќе за да ви се докажат.

ЗЕЛЕНИ ОЧИ

Вие сте мистериозна личност и исклучително сексипилни. Непредвидливи сте и брзо се налутувате. Многу сте креативни и добро функционирате под притисок.