Пред да ви го откријам рецептот за овој перфектен мевлем кој го запишал мојот дедо, би сакал да ви изрецитирам еден стих од мојата омилена пејачка Вера Матовиќ, а тоа е “На прозороу рузмарин мирише, мирно спава све што дише”.

Тое е само еден стих од нејзината песна, меѓутоа, ако подлабоко навлеземе во значењето на тие зборови, тогаш ќе дојдеме до сознание дека рузмаринот навистина делува релаксирачки и благопријатно делува врз нашето тело.

Покрај тоа што му помага на нашиот мозок, помага и во лекувањето на бројни болести, па така ќе ви го откријам и овој рецепт кој ми го остави мојот дедо.

Овој лек или мевлем ги лекува болките во коски и зглобови. Можеби звучи неверојатно, но вистинито е. За приготвување на овој лек потребен ви е рузмарин. Неговата количина ќе зависи од тоа кој дел од телото ќе го третирате, па така, доколку станува збор за лумбален дел од ‘рбетот, тогаш ќе ви биде потребна поголема количина.

Напоменувам: Дедо ми има запишано: “Овој мевлем е најдобро да се приготвува од билката кога е зелена”, односно кога рузмаринот поседува најмногу етерични масла и најмногу лековити својства. Може да се користи во било кој период од годината, но најефикасен е кога цветот ќе започне да се суши.

РЕЦЕПТ

Билката се бере и ситно се сечка. Може да се користи свежа или сува билка. Неколку лажици рузмарин, на пример 5-6 лажици се ставаат во емајлиран сад, да се исполни во висина од 1 см.

Се попарува со мала количина зовриена вода колку да се прекрие, приближно 100 мл. Се почекува некое време, околу 15-20 секунди, па повторно се попарува со уште половина чаша. Се повторува постапката и по третпат, се попарува со уште 100 мл врела вода.

Значи, билката се попарува трипати со по половина шолја вода, а помеѓу попарувањата се причекува по 20-тина секунди. Повремено се промешува и се остава поклопено да отстои 20-30 минути.

Кога ќе излади, во смесата натопете памучна ткаенина и облогата ставете ја на болното место. Фиксирајте со завој или пластична фолија и оставете да делува неколку часови или преку цела ноќ.

Ќе забележите дека веднаш, уште при првата облога ќе почувствувате олеснување. Третманот повторете го по потреба, додека целосно да исчезнат симптомите.

Деталите од неговото објаснување можете да ги погледнете во видеото: