За ова вкусно јадење потребни ви се компири или инстант пире, јајца, шунка, павлака, кашкавал… Излегува многу убаво и вкусно јадење кое заситува. Може да додадете и нешто по ваш вкус или нешто од она што го имате во фрижидерот.

Потребни состојки: 1 кг исчистен компир (или кутија инстант пире), 5 варени јајца, 400 г шунка, 200 мл кисела павлака, 4 јајца, 200 г кашкавал, малку сол, малку црн пипер, малку путер, малку млеко за да се направи компир-пирето

Постапка: излупете го компирот и сварете го. Со миксер добро изматете го со малку од водата во која се варел или додајте млеко. Матете додека да нема ниту едно грутче.

Значи, додајте млеко по потреба, посолете, запиперете и промешајте уште малку. Смесата треба да биде со густина како за пире, вообичаено кога го приготвувате.

Јајцата тврдо сварете ги. Излупете ги и пресечете ги на половина хоризонтално, односно, врвот и дното да останат непресечени. Шунката исечете ја на коцки.

Премачкајте го огноотпорниот сад со малку путер и на дното излејте половина од компир пирето. Врз него наредете ги јајцата, така што врвовите да бидат забодени во компир-пирето.

Одозгора ставете исечкана шунка и прелијте одозгора со остатокот од компир-пирето. Изматете ги јајцата со павлаката и прелијте преку јадењето. Кашкавалот изрендајте го и наросете го преку павлаката и јајцата.

Печете во рерна на 200 степени додека да зарумени околу половина час. Се послужува топло. Јас ставам кечап или некој доматен сос преку парчето кое го сервирам.

coolinarika.com