Научниците го посветиле своето време за едно интересно истражување: дали начинот на кој луѓето го држат својот мобилен телефот – открива нешто за нивниот карактер. Она што е уште поинтересно е дека токму тоа директно ја отсликува нашата личност.
Постојат четири основни начини за држење на телефон, а секој од нив одговара на одреден карактер. Дознајте каков тип е вашата личност!
А. Го држите телефонот во едната рака а текстот го типкате со палецот.
Ако телефонот го држите со една рака, тоа говори за вашата сестраност. Организирани сте и дисциплинирани, секогаш знаете што е за вас добро, а што лошо.
Повеќе сакате да зборувате отколку да слушате, но не сакате никого намерно да го навредите. Умеете да разликувате искрена љубов од преправање и глума. За саканата личност ќе направите се’.
В. Телефонот го држите со двете раце и текстот го пишувате со палецот.
Тоа покажува дека сакате заштита, барате грижа и внимание. Не сакате многу да ги покажувате емоциите и поради тоа вашиот партнер можеби чувствува несигурност и недостиг на љубов од ваша страна.
Бидете „помеки“ и поотворени и слободно покажувајте ги вашите чувства!
С. Телефонот го држите со двете раце, а ги користите двата палци за бирање.
Честопати сте загрижени за се’ и сешто, се плашите за сигурноста.
Потребен ви е партнер кој 100% ќе ве разбира. Кога сте покрај блиска личност во која имате доверба, вие сте преполни со самодоверба.
Својот партнер го сакате со целото свое срце и лесно ги заборавате проблемите од минатото.
D. Телефонот го држите со една рака, а текстот го типкате со показалецот од другата рака.
За вас е својствено тивко и стабилно однесување. Подготвени сте да жртвувате се’ за доброто на другите.
Не сакате гужва. Сакате мирни и познати места. Такви сте и во љубовта – таа за вас е тивок брег.
Не поднесувате солзи, особено кај блиските луѓе. На своите сакани им ги простувате грешките со рекордна брзина.
На кој тип вие му припаѓате? Напишете во коментар, да видиме какви уште типови на личност постојат!