Дињата е едногодишна зељеста билка, со полегнати ластари. Листовите се големи а плодот жолт, многу сочен, благ и различен по големина. Се одгледува во бавчи и плантажи.

СОДРЖИ: вода, шеќер, белковини, лимонска киселина, каротен, витамин Ц, соли на бакар, цинк, железо и етерско масло.

Дињата е неверојатно овошје кое поседува 19 витамини и минерали кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, прави детоксификација на органите и добро го хидрира и алкализира телото.

Дињата не се дигестира долго, па без проблем се апсорбира во телото. Од таа причина дињата е одлична да се јаде наутро на празен стомак како појадок.

Богатството со витамин Ц во дињата е многу важно бидејќи му помага на имунолошкиот систем во борбата против бактерии и вирусни инфекции.

Дињата ги смирува нервите и ги елиминира стравовите. Познато е дека го одржува пулсот во нормални граници дури и под силен стрес, а исто така, ги опушта мускулите при грчеви во стомакот.

Дињата го намалува крвниот притисок. Богатството со витамин А во дињата помага и како превенција од појава на катаракта и го подобрува здравјето на очите.

Ова овошје му помага на телото да се ослободи од вишокот натриум и на тој начин спречува задржување на вода и појава на отоци.

Кога купувате диња, оставете ја да стои додека да започне да испушта мирис а кората да се свиткува на допир.

Дињата е слатко и многу вкусно овошје и може да биде одличен почеток на денот бидејќи ги обновува телото и душата.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: плодот од дињата се користи свеж. Многу е хранлив и вкусен, има пријатен мирис и делува освежително и смирувачки.

Како лек ја смирува воспалената слузница на дишните органи и ја стимулира функцијата на бубрезите. Може да се употреби и како облога на отечено место и за смирување на болки при убод од инсекти.

СЕМКИТЕ ОД ДИЊА се мелат, се мешаат со вода, се оставаат да отстојат 30-тина минути и се користат како емулзија за прочистување.

ЧАЈ ОД СЕМКИ ОД ДИЊА се користи за сузбивање на бактериски инфекции на мочните патишта: една супена лажица семки од диња, се варат 10-15 минути, во половина литар вода. Се поклопуваат, киснат половина час, потоа течноста се процедува и пие во текот на денот, место вода.