Од Алпите со љубов – напиток Бомбардино

Бомба во чаша, сервирана на италијанските снежни патеки, на смрзнатите скијачи брзо им го враќа руменилото на образите и насмевката на лицето.

Бомбардино е пијалак кој сигурно ќе го најдете во баровите на италијанските скијачки центри, а комбинацијата слатко-алкохолно-загреано е заслужна за популарноста на овој напиток.

Во основа, пијалакот се приготвува од три главни состојки:

1/3 шлаг

1/3 Вов (сладок ликер од јајца)*

1/3 бренди

*Вов е италијански назив за сладок ликер од јајца чија рецептура датира уште од средината на 19.век, а бил направен во една аптека во Падова. Загреаниот ликер од јајца се меша со бренди и се послужува во чаша за ирско кафе. На врвот се додава шлаг и уживањето може да почне!

Легендата вели дека првиот Бомбардино бил испиен во покраината Ломбардија, на ски-центарот Ливињо 1974 година. Четворицата пријатели кои зимата ја минале на планината Мотолино размислувале како да се згреат под налетите на ледениот ветер и снег.

Студиозниот пристап на зададената тема довел до заклучок дека на оваа цел најдобро ќе послужи лесно загреана комбинација од ликер и јајца, виски и млеко. Кога го пробале, еден од гостите викнал: “Accidenti! È una bombarda!” (Во слободен превод: „По ѓаволите! Па ова е топ!“). И пијалакот го добил своето име!

Со текот на времето млекото било заменето со шлаг, а вискито со бренди. Меѓутоа, љубоморно чуваниот рецепт сепак паднал во рацете на конкуренцијата, благодарение на еден корумпиран вработен од Мотолин. Оттогаш, Бомбардино е  застапен на менијата на сите подобри барови.

Се развиле и варијанти од овој напиток, познати по називите: калимеро (еспресо кафе, Вов, шлаг), Пирата (рум, ликер, шлаг) и Шкоцезе (виски, ликер, шлаг).

Loading...