Од 1 кг брашно добив 14 лепињи…Без јајца, а многу вкусни и надуени…Се печат само 10 минути…

Сакавте овој рецепт, прегледан повеќе од милион пати, да се прави во мала количина, па затоа денес го направив со 1 кг брашно.

Можете да го прилагодите рецептот според вашите потреби. Овојпат не додадов јајца во смесата за премачкување, тоа е за оние кои не сакаат јајца…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

500 г млака вода
250 г млеко
10 г сув квасец
40 мл масло
1 кг брашно
1 и пол лажичка сол

За премачкување:
1 лажица цврст јогурт или кисела павлака
10 мл масло

ПОСТАПКА:

Во длабок сад соединете ги состојките потребни за тестото и потоа замесете убаво меко тесто превиткувајќи го навнатре како што се гледа на видеото и оставете го да ферментира. Тоа е меко и лепливо.

Истресете го стасаното тесто врз обилно набрашнета површина и поделете го на парчиња со саканата големина (14 парчиња се помеѓу 125 грама и 130 грама).

Многу нежно обликувајте топчиња (тестото и натаму е доста меко, но ќе прими на површината доволно брашно за да не се лепи) и оставете го повторно да одмори 30 минути.

Одмореното тесто ставете го на плехот, обликувајте го со лесно притискање и нанесете ја смесата со јогурт.

Почекајте да се загрее рерната, па печете во добро загреана рерна на 250° 10 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ: