Здравствените власти не семо кај нас, туку во целиот свет, признаваат дека немаат многу сознанија околу Корона вирусот, што е и нормално. Вирусот е нов и во следниот период ќе се осознаваат ефектите кои од него произлегуваат, како и тоа кои лекови позитивно, а кои негативно влијаат на него.

Следствено на тоа, ќе се оформи и вистинската терапија и насоки за лекување во идниот период. Паралелно со тоа, почнаа и клиничките испитувања на новата вакцина.

Големи дилеми се развија околу тоа, дали при лекувањето треба да се дава парацетамол или ибупрофен. Многумина предупредија за негативни искуства со ибупрофенот. Едно од нив во продолжение.

После ова искуство и претходното предупредување на пулмозите да не ја симнувате непотребно температурата, особено треба да се разлисли дали воопшто треба да се користи ибупрофенот во ек на вирусната пандемија. Во случај на коронавирус и многу висока температура, се препорачува да се земе парацетамол.

На четиригодишното девојче Амилија Милнер кое било заразено со корона вирусот, нагло и се влошила состојбата откако и дале да испие ибупрофен, тврди нејзиниот очув.

-Срцето почна многу забрзано да и чука, а очите не можеше да ги држи отворени. Главата исто така, не можеше да ја подигне, а целото тело и се тресеше. Откако го зеде тој лек температурата наместо да и се намали, нагло и скокна – вели таткото на девојчето Ден Колинс, а пренесува Daily mail.

Девојчето почнало да се гуши, да повраќа, температурата нагло и се покачила на 39,4, буквално очите не можела да ги отвори.

Курото дете повраќало и се борело да земе здив. Состојбата и се стабилизирала кога дошле од итната помош.

Таткото на девојчето Ден Колинс апелира до сите родители, доколку се сомневаат дека децата им се заразени со корона вирус, никако да не им даваат лекови кои содржат ибупрофен.

Францускиот министер за здравје Оливер Веран нагласува дека на заразените од корона вирусот никако не смеат да им се даваат лекови кои содржат ибупрофен или кортикостероиди, бидејќи тие можат значително да ја влошат состојбата. Тој исто така, изјави дека кога пациентот има многу висока температура најдобро е да земе парацетамол.

https://www.facebook.com/574507798/posts/10157310708567799/