Статистиките покажуваат дека повеќе од 5 милиони луѓе само во САД страдаат од умерена до тешка форма на синдорм на немирни нозе (RLS)

Во просек, еден од 10 возрасни страда од оваа состојба, а повеќе од еден милион деца на училишна возраст имаат RLS.

Симптомите вклучуваат огромна желба да ги тресат нозете, болка, чешање, мачно, па дури и притаено непријатно чувство во нозете, во текот на ноќта.

Иако не станува збор за болест опасна по живот, сепак може да го намали квалитетот на живеење и способноста за вршење на секојдневните активности.

ПРИЧИНИТЕЛИ

Доколку станува збор за примарен синдром немирни нозе, пореметувањето е наследно а причината лежи во делот од мозокот кој е задолжен за контрола на движењето.

Секундарниот облик на болеста може да биде предизвикан од фактори како што се:

-анемија,

-ослабена функција на бубрезите,

-бременост,

-дегенеративни болести на кичмата,

-оштетени периферни нерви.

Ова пореметување понекогаш е последица од користење на некои лекови, како што се: антидепресиви, антипсихотици, антихистамини, но и консумирање на кафе, алкохол и никотин.

Не постои специфичен дијагностички тест за синдромот немирни нозе, туку дијагнозата се поставува според клиничката слика. Од лабораториските наоди потребни се комплетна крвна слика, утврдување на хормоналниот статус и бубрежни проби.

Пациентот се упатува на електромиографија и мерење на брзината на нервните импулси. Во зависност од дијагнозата, се препишуваат витамини, минерали, одердени вежби но и допаминерички лекови (антипаркинсоници), аналгетици, таблети за смирување, антиептилетици…

КАКО ДА СЕ ОЛЕСНАТ ТЕГОБИТЕ:

Станување и будење во приближно исто време може да ги олесни тегобите, а експертите предлагаат и лесно истегнување пред самото спиење: да се седне на подот со испружени нозе, а потоа полека да се свиткува торзото кон стапалата за да може да се дофатат со рацете, и во таа положба да се остане неколку минути.

Пред спиење треба да се практикува и топла бања која ќе го опушти телото и мускулите а со тоа ќе го олесни и спиењето.

ТОПЛА БАЊА: околу 38 степени Ц, за зголемување на работата на потните жлезди, при настинка и грип. Во тој случај, употребете некој вид на имуностимулирачки масла од некоја билка, а по ваквата бања треба да се легне во кревет и добро да се испотите.

БАЊА ЗА ОПУШТАЊЕ: од 29-34 степени Ц, со фино масло кое вам најдобро ви одговара и со по некоја миризлива свеќа во купатилото која дополнително ќе ве снабди со енергија.

ЗАКРЕПНУВАЧКА БАЊА: од 18-24 степени Ц, секако според ваша желба одберете некое од стимулирачките масла и уживајте покрај чинија со некое убаво изладено овошје.

Преку ден се советуваат лесни вежби, а од голема помош се секојдневните прошетки на чист воздух. За олеснување на симптомите се советува и јога која ги опфаќа вежбите за истегнување, длабоко дишење и опуштање.

Потребно е да се одбегнува кафето, чајот и чоколадото затоа што лошо влијаат врз циркулацијата на крвта и квалитетот на сонот.

Во повеќето случаи, лицата кои патат од синдром немирни нозе, всушност патат од недостиг на железо во крвта.

Тој минерал го ослободува допаминот, материја која го помага контролирањето на движењето, па во исхраната треба да се воведат повеќе хранливи продукти кои се богати со железо- црвено месо, цвекло, суви сливи, леблебија, капинки…

Чајна мешавина:

По една лажица иситнет плод од шипки и цвет од камилица, да се прелие со половина литар врела вода, да се поклопи, и да се остави да отстои 15 минути. Да се процеди па да се додаде лимонов сок и лажичка мед. Чајот треба да се пие повеќе пати во текот на денот и непосредно пред спиење.

Ароматерапија:

Да се направи мешавина од по 5 капки масло од босилек и мајоран и 3 капки бадемово масло, па да се масираат нозете секоја вечер.