Запишете си ги овие рецепти, на многумина им помогнале.

Проширени вени може да се јават од повеќе причини, а постојат два типа. Тие може да бидат длабоки, внатрешни и во тој случај не се видливи, но предизвикуваат чувство на тежина и болки во нозете.

Може да бидат и површински, па во тој случај освен здравствен, претставуваат и естетски проблем. Во поодмината фаза на оваа болест може да дојде до појава на отворени рани на нозете.

Тапа и пулсирачка болка, како и отечени нозе се појава која речиси секогаш е поврзана со проширени вени. Со редовна употреба на овие облоги, може да се намалат болките или потполно да се решат проблемите со проширените вени.

ОБЛОГИ ОД ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Јаболковата киселина има широка примена, а се покажала и како многу ефикасна кај лекувањето на проширени вени. Ја подобрува циркулацијата и делува смирувачки, па ги намалува болките кои може ги чувствувате како последица од воспаление на вените.

Кога се говори за подобрување на циркулацијата, исто така ќе ви користи и орално консумирање на јаболковата киселина. Едноставно помешајте 2 лажички од овој оцет со чаша вода и пијте двапати дневно.

Покрај тоа, можете да направите и едноставна облога за вените: само натопете газа во оцетот и ставете на проблематичното место. Оставете да делува половина час, па исплакнете.

ОБЛОГИ ОД ЗЕЛЕН ДОМАТ

Доматот содржи голема количина на ликопен кој помага во ублажување на воспаленијата. Исто така, содржи и супстанција слична на аспиринот, која спречува создавање на згрутчувања во крвта и ја подобрува циркулацијата. Но, првенствено, зелените домати се богати со вода и состојки кои ја намалуваат болката и напнатоста.

Зелениот домат за вени може да употреби на два начини:

Првиот начин е наједноставен и подразбира да ставите како облога исечени парчиња зелен домат и да ги фиксирате со еластичен завој. Оставете додека да почне да пецка, а потоа исплакнете.

Вториот начин е можеби и поделотворен: направете облога од 5 зелени домати, една чаша јаболкова киселина. Исечете ги доматите на тркалца, наредете ги во стаклена тегла и прелијте ги со оцетот. Поклопете и оставете да отстои 48 часа на ладно и темно место.

После 2 дена, оваа облога за проширени вени на нозе е спремна за употреба. Редете ги доматите на критичните места и фиксирајте ги со завој. Оставете да делува 40 минути, па исперете со ладна вода. После две недели би требало да забележите значително подобрување и олеснување од повлечените вени.

КОМБИНАЦИЈА ОД ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСЛА

Ја подобрува циркулацијата, намалува воспаленија, ги зајакнува крвните садови и ги ублажува симптомите на проширени вени.

Препорака е да направите облога за проширени вени од следните состојки:

1 чаша вода
3 капки масло од камилица
3 капки масло од лаванда
3 капки масло од семе од морков
1 лажица тинктура од кантарион
*Сите состојки набавете ги од билна аптека или билкар.

Сите состојки помешајте ги, а потоа натопете памучна крпа во овој раствор. Ставете како облога на местата каде имате изразени вени. Оставете да делува барем половина час, а може и преку цела ноќ. Повторувајте секој ден додека да забележите подобрување.