Рецепт и видео презентација на Ивана од „Шерпица“ – Крцкави обланди, готови за 10 минути. Филот се готви само 4 минути, па ви преостанува само редењето на листовите и филувањето. Толку се добри што нема да можете да им одолеете. На некои им паѓа шеќерот, некои се нервозни, па мораат, а некои едноставно ги сакаат.

обланди со нутела
обланди со нутела

Каков и да е вашиот „изговор”, рецептот за обланди со кекси и нутела, сигурно ќе го засакате. Верувајте ни дека навистина е така, бидејќи ова е се едни од највкусните колачиња кои сме ги пробале.

Постапката за приготвување е многу лесна, не се валкаат садови, а потребни ви се само 10 минути од вашето време.

обланди со нутела
обланди со нутела

Потребни состојки: 1 пакување обланди, 200 г нутела, 300 мл млеко, 200 г шеќер, 200 г путер или маргарин, 160 г брашно и 150 г кршени бисквити

потребни состојки

Постапка: Во поголем сад ставете млеко, шеќер, брашно и нутела. Сето тоа убаво промешајте го загревајќи го на рингла, внимавајќи да не останат грутчиња. Во топлата смеса додадете го путерот, па промешајте и тој да се растопи и соедини.

Во подлабоко тенџере ставете 300 мл млеко
додајте 200 г шеќер..
..додајте 160 г брашно
…и 200 г нутела
промешајте добро да се изедначат состојките и гответе на рингла околу 2 минути
кога ќе се загрее смесата и изедначи, мешајте постојано, а по 2 минути додајте 200 г путер
филот гответе вкупно 4 минути
кексите ситно издробете ги со оклагија или сомелете ги
додајте ги бисквитите во кремот
промешајте за да се изедначи филот

Варете околу 4 минути, додадете ги кексите и убаво промешајте за да се изедначи. Еден по еден лист филувајте ги обландите, па оставете на собна температура или ставете ги во фрижидер за да се стегнат.

редете еден по еден лист и филувајте ги помеѓу
секој следен лист малку притиснете го со дланките за да се стегне
потрошете го целиот материјал, оставете да се стегне и олади, па сечете

Потоа сечете ги и послужете ги со шлаг, сладолед, овошје или по желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

уживајте во вкусот…

II РЕЦЕПТ – Карамел обланда – најубавата обланда во светот, каква што ја правеа нашите баби, со фил од млеко и шеќер

Ако ги сакате ваквите обланди, тогаш пробајте ја и оваа верзија на Мара Јелавиќ. “Јас вака ги правам, малку е поразличен рецепт од бабиниот, модифициран е, но вкусот му е предобар” – вели таа.

Под нејзиниот рецепт можете да го прочитате и стариот бабин рецепт за приготвување на карамелот. А под него и трет рецепт. Сите рецепти се слични, но се разликуваат во нијанси.

Потребни состојки: 1,2 литар млеко, 700 г шеќер, 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви, 125 г путер/маргарин и 1 пакување обланди.

Постапка: млекото и шеќерот се ставаат на оган да се варат на умерен оган околу 1,5 час. Пред крајот од готвењето се додава 8 лажици мелени бисквити и мелени ореви измешани заедно. Сето тоа уште малку се вари, па се трга од оган и се додава половина коцка маргарин да се растопи во кремот и соедини.

Со млак фил се премачкуваат обландите. “Мене ми беше доволно фил за едно пакување обланди, па додадов уште еден лист за да го потрошам целиот фил” – вели Мара.

Стар рецепт за карамел обланди

Потребни состојки: 2 литри млеко, 1 кг шеќер, 100 г путер/маргарин и 5 листови обланди.

Постапка: млекото со шеќерот ги ставате да провријат на оган (на јачина 5), а потоа се намалува на тивко до умерено (на јачина 2 или 1), за да не испари нагло течноста. Се готви подолго време и повремено се промешува додека да стане густо и да ја промени бојата во карамел. Некаде пред крајот се додава путерот и се промешува за да се изедначи. Се филуваат пет листови обланда со изладен фил.

Потребни состојки: 1 пакување обланди, 200 г шеќер, 2 лажици брашно, 1,5 литар млеко, 1 кг шеќер, 375 г маргарин/путер и 150 г мелена плазма.

Постапка: брашното и 200 г шеќер полека запржете ги (како за карамел). Кога убаво ќе се соедини додајте го млекото и варете додека шеќерот да се растопи. Потоа додајте го преостанатиот шеќер и варете на тивок оган додека да згусне, нешто погусто од смесата за палачинки.

Додајте путер и варете уште малку додека тој целосно да се растопи. Додајте ги мелените кекси. Обландата филувајте ја додека смесата е топла. Притиснете го последниот лист обланда со нешто тешко и оставете да се олади и стегне.