Потребни состојки:

6 белки

6 лажици шеќер

1 шолјичка сечкани ореви

1 шолјичка вишни

5 лажици брашно

За крем:

6 жолчки

9 лажици шеќер

300 мл млеко

3 лажици брашно

250 г путер/маргарин

2 листови обланда

Постапка:

За кора: изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па постепено со лажица додадете го брашното, оревите и вишните. Смесата испечете ја во плех 20х30 на 180 степени додека малку да ја промени бојата, но внимавајте да не го препечете.

За крем: сварете го млекото со шеќер, брашно и жолчките додека да се згусне (како за пудинг). Кога ќе излади додадете пенасто изматен путер.

Ставете половина од кремот врз првата обланда која сте ја искроиле според величината на плехот.

Врз кремот ставете ја кората, па повторно вториот дел од кремот и втората обланда. Стиснете одозгора за убаво сето да се спои и оставете во фрижидер да излади.