Многу вкусно а едноставно задоволство. Потребни состојки: 2 кори обланди, 7 лажици млеко, 200 г шеќер (може и во прав, малку намалете од количината или по вкус), 250 г путер / маргарин, 150 г ореви, 200 г мелени бисквити, 3 јајца, 100 г чоколадо за готвење и 2 пакувања ресана (јафа бисквити)

Постапка: Растопете го путерот на тивко, додадете млеко и шеќер, па мешајте додека да се растопи шеќерот. Додадете чоколадо за готвење, бисквити и ореви, а на крај додадете ги изматените јајца. Кратко гответе на тивок оган неколку минути. Оставете малку да излади.

Обландите скратете ги од пократката страна за некои 4 сантиметри. Првата кора филувајте ја со половина фил, потоа наредете ги ресаните (натопувајте го бисвитниот дел во млеко). Ресаните редете ги на одредено растојание (колку еден прст).

Посебно премачкајте го вториот лист обланда и ставете го преку ресаните. Добро притиснете за да се распореди филот помеѓу кексите. Оставете да се стегне, најдобро преку цела ноќ. Наместо мелени ореви можете да ставите и 100 г кокос.