Најубавиот рецепт досега напишан за обланди со крем бананчиња. Многу брза и едноставна постапка за колач кој прв се разграбува на сите слави и прослави. Многу лесно се приготвува, а излегува доста количински.

Потребни состојки: 2 листа обланди, 8 крем бананчиња. За фил: 500 г шеќер, 200 мл вода, 250 г маргарин/путер, 100 г чоколадо, 250 г мелени бисквити и 250 г мелени ореви

Постапка: Во тенџере ставете вода и шеќер, па ставете го на рингла и гответе на умерена температура додека да зоврие. Потоа додајте маргарин или путер исечкан на коцки и искршено чоколадо, па мешајте додека да се растопи.

Веднаш тргнете го тенџерето од оган, додајте ги мелените бисквити и мелените ореви. Убаво промешајте додека рамномерно да се распоредат состојките и да добиете компактна, хомогена смеса. Оставете ја на страна да се олади.

На рапавата страна од едниот лист обланда нанесете половина од приготвената смеса. Убаво израмнете да се пополнат нерамнините. Преку тоа наредете ги крем бананите, нежно притиснете, па нанесете ја и втората половина од филот.

На крај прекријте со вториот лист обланда, со рапавата страна свртена надолу. Притиснете со нешто тешко и оставете во фрижидер да преноќи, а потоа исечете со остар нож на правоаголници/штангли или ромбови со величина по ваш избор.

Прочитајте го и следниот рецепт за обланди „Седмо небо“.

СЕДМО НЕБО – Обланди полнети со крем од кокос и крем од ореви. За овој колач се вели дека толку многу е вкусен, што ќе ве направи среќни и ќе ве одведе на седмо небо.

Потребни состојки за бела кора: 5 белки, 200 г кокос, 100 г шеќер, 1 лажица брашно и 1 лист обланда. За темна кора: 5 белки, 200 г мелени ореви, 100 г шеќер, 1 лажица брашно и 1 лист обланда. За крем: 10 жолчки, 100 г шеќер, 1 ванилин шеќер и 250 г путер/маргарин

Постапка: изматете ги белките со шеќерот додека тој да се растопи и да добиете цврст снег. Додајте го кокосот и една лажица брашно. Промешајте внимателно со лажица или шпатула, внимавајќи смесата да остане воздушеста.

Премачкајте ја рамномерно обландата и ставете во загреана рерна да се пече 15 минути на 150 степени. За темната кора постапката е иста.

За фил: Изматете ги жолчките со шеќерот и ванилин шеќер, па сварете ги на пареа или во микробранова печка, за да се добие густа смеса. Оставете да излади, па потоа додајте путер на собна темепратура и изматете со миксер.

Белата кора премачкајте ја со кремот и одозгора преклопете ја со темната кора. Малку притиснете и оставете во фрижидер за да се стегне. По желба исечете на коцки или штангли.

обланди со крем бананчиња
обланди Седмо небо