IBM компанијата “The Weather Company” го објави извештајот во кој се наведува дека ова лето поголемиот дел од Европа ќе биде потопло, но и повлажно од просечните лета.

Количината на врнежи, особено во јуни и јули ќе биде над просечните вредности.

-Иако постојат значителни отстапувања во рамките на моделот за следење на климатските движења, повеќето укажуваат на тоа дека ова лето најмногу ќе биде застапена врелина.

Особено во централните и источните делови на Европа ќе бидат забележани високи температури и зголемена влажност – стои во извештајот на “The Weather Company”.

Истовремено, во извештајот е редуцирана претходната прогноза за мај, така што, според најновите податоци, овој месец ќе биде постуден од просечните вредности.

Кога станува збор за југоисточниот дел од Европа, се очекува јуни да биде потопол, но и повлажен од вообичаено.