Нутриционистите го препорачуваат овој појадок за оние кои сакаат да ослабат во стомакот

Овој секојдневен појадок ќе ви овозможи елиминација на заостанатите талози од екскрементот и ќе ви ги исчисти цревата.

-ги решава проблемите со мрзливи црева и опстипација

-ги согорува масните наслаги и

-ја нормализира тежината.

После еден месец консумирање на овој коктел лесно ќе изгубите 3-5 вишок килограми, а најмногу од стомакот!

Тенот на кожата, косата и ноктите ќе станат здрави и убави, а стомакот полека ќе се „истопи“.

Потребни состојки:

300 мл кефир (или немасен јогурт)

2 супени лажици овесни снегулки

1 кафена лажичка сомелено ленено семе

1кафена лажичка какао во прав

5-7 меснати суви сливи без семка

ПОСТАПКА:

Појадокот се приготвува навечер за следниот ден. Прелијте ги сувите сливи со малку врела вода (100 мл). Поклопете и оставете 5-10 минути.

За тоа време во чинијата ставете овесни снегулки, солемеленото ленено семе и какото. Прелијте со кефир и сето добро промешајте го.

Набубрените сливи ситно исечкајте ги (а можете и во блендер да направите пире) и додадете ги во претходната смеса. Добро промешајте и оставете во фрижидер.

Наутро извадете од фриидер и уживајте во својот здрав и вкусен појадок. Резултатите набрзо ќе бидат видливи.

Првите денови може да имате „интересни“ чувства во стомакот, но набрзо ќе поминат. Вашиот дигестивен тракт ќе започне да работи како часовник!

Претходна статијаМАГИЈА! Рецепт за здрава и БУЈНА коса – коса од соништата
Следна статијаВе плашат со холестерол, но кои се всушност главните причини за срцев удар