Четворица млади луѓе од Србија починаa за само еден месец од предозираност со новата смртоносна екстази розова таблета „редбул“, која од неодамна се појави во Србија. Овој тип таблети пристигнале во Србија од лаборатории за синтетички дроги во Кина, а само една доза е пет пати посилна од претходно откриените видови на овој наркотик.

Се претпоставува дека единечна доза од оваа дрога може да предизвика кома, а потоа смрт. „Содржи исклучително големи количества екстази, стандарди што за жал се нелегално поставени на пазарот“, објаснува фармаколог за српските медиуми.

Српските медиуми на 5 јули информираа дека во Белград од предозираност со екстази (МДМА) починала 21-годишна девојка, четврта жртва за само еден месец во Србија. Само неколку дена претходно од предозираност починал нејзиниот 17-годишен другар. Девојката вечерта на својот фејсбук-профил споделила песна и статус „ајде на журка, да гори вечерва“. Првичните резултати од истрагата биле дека девојката зела екстази и починала по само неколку минути откако ѝ се слошило.

Екстази-апчињата се најпопуларни и најдостапни меѓу младите луѓе, а цената во Србија изнесува од 500 динари за таблета.

Како што пишуваат српските медиуми, цената на психотропните супстанции во Србија никогаш не била пониска, а уште поевтини се во помалите места. За младите луѓе што се вработени ова не претставува речиси никаков трошок, но екстазите може да си ги дозволат и средошколците, а за жал и основците.

Целиот текст прочитајте го на МКД.мк