За ручек, вечера или дури и празнично предјадење, послужете палачинки од тиквички, полнети со кашкавал. Палачинките се подготвуваат од евтини состојки, а подготовката воопшто не е комплицирана. Наместо класичните палачинки, денес ви предлагаме да направите палачинки со тиквички, а потоа да ги наполните со кашкавал.

Ова едноставно јадење е неверојатно вкусно и може да се служи во секое време од денот. Заситни се, а можете да ги послужите за појадок, вечера, предјадење или како вкусна закуска. Запишете си го рецептот, па и вие испробајте ги. Еве што ви е потребно:

прв рецепт

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 2 тиквички, 80 г брашно, 3 јајца, 30 мл млеко, тврд кашкавал. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 2 јајца, 1,5 лажичка сол, 1 лажица шеќер, 1 лажица сув квасец (1 кесичка), 300 мл топло млеко, 300 мл топла вода, 450 г брашно.

И уште ќе ви биде потребно: 1 главица кромид, 1 црвена голема пиперка, 1 домат, 2 млади кромитчиња (или праз), 1/2 китка магдонос, 1 компир, една рака варена пченка од конзерва и малку масло за пржење.

прв рецепт

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Пресечете ги двата краеви на тиквичките, а потоа изрендајте ги на најкрупната страна од рендето. Вака подготвените тиквички посолете ги со 1 лажичка сол и оставете ги да отстојат 10 минути. За тоа време, тиквичките ќе ги испуштат своите сокови, а пред да ги измешате со останатите состојки, добро процедете ги.

По изминатото време, пренесете ги тиквичките во подлабок сад, па измешајте ги со брашното, јајцата и млекото (на собна температура). Зачинете со црн пипер и добро измешајте. Од вака подготвената смеса пржете палачинки на вообичаен начин.

Најпрво се пржат од едната страна, додека да поруменат, па потоа се превртуваат на другата страна, а во средината се наросуваат со рендан кашкавал и се преклопуваат. Многу се вкусни и заситни. Деталите за првиот рецепт погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за зеленчукови палачинки:

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад изматете ги јајцата пенасто, па додајте ги останатите состојки за смесата (сол, шеќер, млеко, вода и квасец). Промешајте додека убаво да се растворат состојките, па започнете постепено да го додавате брашното.

втор рецепт

Матете непрекинато додека да добиете изедначена компактна смеса без грутчиња која е погуста од вообичаената смеса за палачинки. Покријте го садот со капак или стреч фолија, па оставете го садот на страна за да се активира квасецот и да запени.

Во меѓувреме подгответе го зеленчукот (доколку немате некоја од состојките, изоставете ја или заменета ја со нешто друго по ваш вкус): убаво измијте ги сите продукти под млаз ладна вода и оставете ги да се исцедат. Кромидот исчистете го, па ситно исечкајте го на коцкички.

Истото сторете го и со пиперката. Доколку немате една голема пиперка, искористете две помали. Исто така, може да користите и зелена пиперка, но црвената има послатка арома и попогодна е за вакви рецепти.

Ситно исечкајте го доматот, како и младите кромитчиња и свежиот магдонос. Еден поголем компир измијте го, излупете го и изрендајте го. Исцедете го низ прсти и додајте го во мешавината од сечкан зеленчук.

За ова време тестото ќе биде стасано и пенливо од активираниот квасец. Сечканиот зеленчук додајте го во тестото и промешајте додека рамномерно да се изедначи. Смесата е подготвена и можете да ги пржите палачинките.

Загрејте една нелеплива тава за палачинки со малку масло, па истурете околу две кутлачи од смесата. Распоредете ја смесата и пржете на умерена температура за да може убаво да се испече. По потреба од страните додавајте по малку масло со силиконска четкичка.

Кога ќе зарумени од долната страна, со помош на шпатула внимателно превртете ја палачинката и пржете ја и на другата страна уште неколку минути. Овие палачинки вкусни се топли, но може да се јадат и ладни. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.