Никогаш не фрлајте ги семките од диња – многу се лековити и помагаат во лекување на многу здравствени проблеми. Семките од диња имаат бројни лековити својства, но многумина не знаат за нив, и често завршуваат во ѓубре по јадењето на дињата.

Семките од диња се користат за природно лекување на бактеријата Ешерихија Коли. Оваа бактерија најчесто предизвикува сериозни уринарни инфекции. Семките од диња помагаат и при висок притисок.

Дињата како здрава храна. Не постои поубаво и повкусно летно овошје од дињата. Таа е многу вкусна и многу освежува во текот на летните, жешки денови. Дињата е нискокалорична храна и може да ја јадете многу често во текот на летото.

Во 150 г свеж плод диња се наоѓаат само 53 калории. Дињата има голем број диететски влакна, па ако ви е во план слабеење, дињата е одличен избор за вас. Една порција ќе ве засити во текот на неколку часа.

Порција од 150 г диња задоволува дури 78% од дневните потреби за витамин Ц. Дињата содржи трипати повеќе калиум од лубеницата и затоа е одлична за оние кои имаат висок притисок.

Дињата ги штити коските, ја одржува нивната цврстина и спречува настанување на остеопороза. Ако сте склони кон често создавање на бубрежни камчиња, тогаш потребно е да јадете диња во големи количини.

Дињата изобилува со бета каротен, кој е познат антиоксиданс. Бета каротенот помага да се спречи појава на некои видови рак, според новите истражувања.  Во својот состав изобилува со витамини А и Ц.

Од минерали во дињата се содржат: калиум, магнезиум, калциум и фосфор. Дињата содржи и една важна аминокиселина – триптофан кога овозможува подобар и поквалитетен сон, за оние кои патат од несоница.

Дињата содржи 90% вода во својот состав, затоа е одлична храна за регулирање на телесната тежина. Овозможува хидратација на организмот и помага во зајакнување на енергијата, и лекување на хроничниот замор.

Сокот од диња е одличен за изгоpеници предизвикани од сонцето. Поволно влијае на кожата и помага полесно да се ослободите од вишокот течности во телото. Семките од диња се одличен природен лек за уринарните инфекции.

Семките изобилуваат со влакна, ензими, незаситени омега – 3 – масни киселини и протеини. Од семките од диња се подготвува еден многу познат народен лек против бактерии.

Семките од диња се јадливи. Јужноамериканските и азиските народи ги користат овие семки сирови во нивната исхрана, најчесто како здрава закуска. Во индиската ајурведска медицина, семките од диња имаат култен статус.

Задолжително се јадат во текот на летото, бидејќи го разладуваат целиот организам, помагаат во прочистување на цревата и овозможуваат подобра работа на дигестивниот систем.

Семките од диња се сушат, а потоа ги мелат и ги додаваат во познатиот лековит напиток од јогурт – ласи, но може да се јадат и сирови. Ласи е популарен традиционален пијалак кој е мешавина од вода, јогурт, зачини, овошје, семки..

Маслото направено од семки од диња често се користи за лекување на кашлица, мачнина и грчеви во стомакот, проблеми со цревата, уринарни бактерии и паразити и за намалување на високата телесна температура.

Фитотерапевтите советуваат дека е најдобро да консумирате суви семки од диња од кои се прави познатиот чај. Вака подготвените семки може да се користат и чуваат преку целата година. Постапката е многу едноставна.

Пресечете ја дињата на половина и извадете го средишниот дел и поставете ги на хартија. Семките може да ги вадите со помош на супена лажица, така што ќе ја вдлабнете во дињата и ќе го извадите средишниот дел.

Вака поставените семки на хартија, ставете ги да се исушат на сонце. Откога ќе бидат добро исушени, одвојте ги влакната и измијте ги семките под млаз вода. Потоа сомелете ги семките и тие се спремни за употреба.

Чај од семки од диња – рецепт

Потребни состојки: 400 мл вода, 2 полни лажички прав од семки од диња.

Постапка: Зовријте ја водата, а во неа додајте 2 лажички од сомелениот прав од семки. Гответе на средна температура додека да испарат 100 мл вода од чајот. Потоа тргнете го тенџерето од рингла.

Поклопете со капак и по 15 минути процедете го чајот. Добиениот чај распоредете го на 3 еднакви дози (по 100 мл секоја доза). Консумирајте трипати на ден, половина час пред секој главен оброк по една доза од чајот.

Напиток од семките од диња

Семките од диња за лекување на Ешерихија Коли може да ги користите и на друг, едноставен начин.

Потребни состојки: 1 полна лажичка семки од диња, 1 чаша вода (200-250 мл).

Постапка: 1 полна лажичка од семките ставете во 1 чаша вода. Добро промешајте и испијте ја добиената течност. Најдобро е пијалакот да го пиете наутро, на празен стомак половина час пред оброк. Терапијата се спроведува 21 ден (3 седмици).

Ефектот на семките од диња се зголемува доколку ги комбинирате со брусница. Може да пиете чај од брусница со семки од диња или да јадете свежа брусница додека го пиете чајот од семките на дињата.

Доколку сте хронично бубрежно болни или користите бета-блокатори, консумирајте диња во мала количина, со препорака и совет од лекар. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска