Прво, родени сме нормални, иако нашите мајки пиеја аспирин кога ги болеше глава, јадеа храна од конзерви, пушеа и работеа до последниот ден од бременоста и никогаш не бе тестирани за дијабетес… Преживеавме.

Како деца се возевме во автомобили без заштитни појаси и воздушни перничиња и не моравме да имаме кациги на главата кога возевме велосипед или ролерки…

Пиевме вода од црево за полевање на бавчата, а не од шишенца купени во големите супермаркети. Од исто шише пиевме кокта, кола или газоза со нашите другари и никој не умре поради тоа…

Јадевме млечни чоколади, бел леб и вистински путер, пиевме сокови кои тогаш беа преполни со шеќер, ама не бевме дебели затоа што постојано си игравме надвор…

Излегувавме од дома наутро и си игравме цел ден, криенка, крадци и полицајци, каубојци и индијанци, Германци и партизани, сакате ли војна, плочка, ластик, кралица 1-2-3…и сè останато што само детската фантазија беше во состојба да смисли.

Се случуваше некогаш и по цел ден да не се прибереме по дома, па родителскиот шамар беше дел од нашето воспитување, но без семејно насилство. И никогаш немаше проблеми.

Поминувавме цели денови правејќи даски за натрпевар од нашите подруми или шупи, се спуштавме по улиците заборавајќи дека сме заборавиле да направиме кочници.

После неколку падови, скршени прсти и модринки, ќе научевме како да го решиме проблемот. Ние немавме имагинарни пријатели. Ние пријателите не ги “додававме” туку ги стекнувавме! Немавме проблем со концентрација во училиште…

Нам не ни даваа таблети против хиперактивност. Ние не бевме постојано во училишниот педагог и психолог, па сепак го завршивме училиштето.

Нам не ни продаваа дрога пред училиште. Немавме плејстејшн, Икс-бокс, видео игри, 99 канали на ТВ, паметни телефони… Имавме само два програми и тоа вториот од попладне, немавме видео рекордери, сараунд глас, мобилни, компјутери, Интернет, соби за разговор…

Ние си имавме пријатели и се дружевме со нив!

Паѓавме од дрва, знаевме и да се исечеме од стакло, ќе скршевме и некој заб, нога или рака, ама нашите родители никогаш не одеа на суд поради тоа.

Возевме велосипеди или едноставно со трчање ќе отидевме до куќата на нашиот другар, ќе заѕвоневме на врата и ќе влезевме да се дружиме и да бидеме заедно.

Дали и ти припаѓаш на оваа генерација?

Поздрав генерацијо! Да сте живи и здрави! Секој од нас е ангел со само едно крило, а да летаме можеме само ако се прегрнеме!