НЕЖЕН КОЛАЧ ОД МАЛИНИ: Целиот е кремаст и се топи во уста, лесен и освежителен, мириса неодоливо

Доволно е само еднаш да го пробате, по првиот залак ќе се вљубите во тој кремаст, мазен, овошен вкус… А како само неодоливо мириса! Првата можност не се двоумете да набавите малини и да го направите овој вкусен, освежителен колач.

Потребни состојки за кората: 8 белки, 8 лажици шеќер, 8 лажици брашно и 200 мл млеко за преливање на кората за да биде сочна.

За фил: 8 жолчки, 8 лажици шеќер, 5 лажици брашно или 2 кесички пудинг со вкус на малини, 500 мл млеко, 2 кесички ванилин шеќер, 250 г маргарин/путер, 500 г малини, 3 кесички шлаг

Постапка: пенасто изматете ги белките со постепено додавање на шеќер додека да добиете цврст и сјаен снег. пред крајот можете да додадете и една лажица оцет или лимонов сок (не е задолжително).

Додајте го брашното но веќе не матите со миксер, туку со лажица. Нежно промешајте, па смесата рамномерно распоредете ја плех обложен со хартија (може малку да ја намастите хартијата).

Израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 20 минути. Печената кора изладете ја, а потоа отстранете ја хартијата и прелијте рамномерно со врелото млеко.

На страна изматете ги жолчките со шеќерот додека тој да се растопи, додајте брашно/густин и и околу 100 мл млеко и добро измешајте да нема грутчиња. Останатото млеко оставете го да зоврие заедно со ванилин шеќер.

Кога млекото ќе зоврие тргнете го тенџерето на страна и намалете ја температурата. Постепено додајте ја смесата со жолчки, па вратете на рингла да се свари со постојано мешање. Овој крем е нежен, па внимавајте да не ви загори.

Откако ќе го сварите кремот како пудинг, тргнете го на стѕрана да подизлади. Потоа додајте путер исечкан на ленти и омекнат на собна температура, па пенасто изматете со миксер додека да добиете нежен и мазен крем.

РЕДЕЊЕ: На украсна десертна чинија ставете ја кората (кората можете во неа да ја прелиете со млекото, за да не ја пренесувате откако ќе омекне), потоа рамномерно нанесете го филот, густо наредете ги малините и на крај декорирајте со шлаг. Прочитајте го и следниот рецепт: БРЗ ЧИЗКЕЈК СО МАЛИНИ

фото илустрација Shutterstock

БРЗ ЧИЗКЕЈК СО МАЛИНИ

Тортата е сама по себе освежителна. Така што, наместо сладолед кога ќе ви се пријаде, земете си парче од оваа превкусна торта која јас самата ја креирав. Се надевам ќе ви се допадне – Ева-мил.

Потребни состојки за подлога: 250 г мелена плазма кекс, 100 г растопен путер, 50 г сок или млеко (приближно). За фил: 300 г филаделфија, абц или маскарпоне, 300 г кисела павлака, 170 г шеќер во прав, 250 г пире од малини (измиксани и процедени), 6 листови бел желатин.

За прелив: 200 мл пире од малини (измиксани и процедени), 1 лажица густин, 1 лажица шеќер, 3 листа бел желатин.

Постапка: Помешајте мелена плазма кекс со растопен путер и постепено додавајте сок или млеко додека да замесете тесто со конзистенција на влажен песок. Втиснете го како основа во калап 20-22 см и притиснете одозгора со дланка или чаша за убаво да се натапка.

Оставете го во фрижидер додека го приготвувате овошниот крем. Потопете го желатинот во вода според упатството додека го приготвувате пирето од малини, Малините (може и смрзнати) измиксајте ги со рачен блендер, а потоа процедете ги ноиз ситно сито за да се ослободи од семчињата.

Потребно ви е околу 250 мл овошно пире за фил и 200 мл за преливот (оставете го за после). загрејте го кратко, па тргнете го од оган и во топлото пире растопете го набубрениот желатин. Оставете да се олади.

На страна измиксајте ги заедно крем сирењето, киселата павлака и шеќерот во прав. Измиксајте кратко додека да се поврзат состојките за да нема грутчиња, па потоа додајте го изладеното пире од малини. Оваа смеса рамномерно распоредете ја врз слојот од кекси.

Израмнете и вратете во фрижидер да се стегне, 2-3 часа. За прелив: натопете го желатинот во вода, 5 минути. Оние 200 мл пире од малини загрејте ги на рингла и варете 2 минути откако ќе зоврие. Тргнете од оган и додајте го желатинот. Изладете, па прелијте врз кремот. Вратете во фрижидер да се стегне и преливот. / Сооlinarika.com

Loading...
Претходна статијаОВА Е НАЈПРСКАНОТО ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК: Имаат премногу пестициди, а само вака можете можете да ги измиете
Следна статијаПИЈТЕ ЃУМБИРОВА ВОДА ОД 7 ДО 12 ДЕНА: Ќе намали 80% од стомакот