Неверојатно вкусен домашен чоколаден колач кој ја освои планетата, пробајте го и вие овој неодолив вкус

Рецепт и видео прилог на Гурман Тв – Домашен чоколаден колач кој ја залуде планетата. Домашен чоколаден колач со неколку креми и глазура. Неверојатно вкусно! Колачот е наречен “Ден и ноќ”, но некои го нарекуваат и “Катерина”. Како и да е, предобар е.

Во видео рецептот не е наведено, но доколку сакате, корите после печењето би можеле да ги натопите со млеко/чоколадно млеко за да бидат уште посочни. Исто така, за да ја скратите постапката, можете да употребите и готови кори, кои можете да ги натопите со малку чоколадно млеко.

Потребни состојки за кора 1: 6 јајца, 200 г шеќер, 4 лажици зовриена вода, 150 г брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици какао. Колачот се приготвува во плех со димензии 25х30 см или приближно.

За кора 2: 5 белки, 160 г шеќер, 3 лажици брашно и 250 г ореви (претходно запечени, па издробени). За крем 1: 5 жолчки, 200 г шеќер и 300 г путер. За крем 2: 350 мл млеко, 1 пудинг од ванила (40 г), 3 лажици шеќер и 2 ванилин шеќер. За глазура: 100 г млечно чоколадо, 25 г путер и 2 лажици млеко

Постапка: Шесте јајца со 200 г шеќер пенасто изматете ги со миксер додека шеќерот да се растопи и да се добие светла кремаста структура. Додадете 4 лажици врела вода и продолжете со матење. Во 150 г брашно додадете 2 лажици какао и една кесичка прашок за печиво.

Промешајте да се изедначи. Сувите состојки додадете ги во изматените јајца, па со маталка внимателно промешајте додека да добиете мазна и еднолична смеса. Излејте во плех 25х30 см, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час.

Печената кора оставете да излади, па пресечете ја хоризонтално на две тенки кори. Едната кора ставете ја на дното од плех со димензии 25х34 см или приближно. За крем 1: Во подлабок сад ставете 200 г шеќер и 5 жолчки, па пенасто изматете додека да побелат и да го зголемат волуменот.

Потоа сварете ги на пареа со постојано мешање. Кремот од жолчки оставете го на ладно за да излади. Пенасто изматете 300 г путер омекнат на собна температура, па во него постепено додадете ги изладените жолчки. Матете додека да добиете убав мазен крем.

За крем 2: Во длабоко тенџере ставете 350 мл млеко, прашокот од една кесичка пудинг од ванила, 3 лажици шеќер и 2 кесички ванилин шеќер. Ставете на тивок оган и со постојано мешање сварете го кремот додека да згусне. Оставете на ладно целосно да излади.

Потоа измешајте ги крем 1 и крем 2. Мешајте со лажица или шпатула. Половина од филот рамномерно распоредете врз првата кора и израмнете. За кора 2: 5 белки со 160 г шеќер пенасто изматете додека да добиете цврст снег. Додадете 250 г крупно мелени/сечкани ореви и 3 лажици брашно.

Промешајте со маталка, а смесата излејте ја во плех (25х30 см) обложен со хартија. Израмнете и печете во загреана рерна на 180 степени, 25 минути. Печената кора оставете да излади, па нансете ја врз филот. Одозгора ставете ја втората половина од филот, израмнете, па ставете ја втората (темна) кора. Колачот оставете го во фрижидер за да се стегне добро.

За глазура: 100 г чоколадо, 25 г путер и 2 лажици млеко растопете и соединете во микробранова печка (1-2 минути), оладете 1 минута, па нанесете врз колачот. Оставете во фрижидер најмалку 6 часа пред послужување. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Loading...