Крушата и цвеклото се состојки кои го закрепнуваат организмот речиси од секоја болест. Без разлика дали се работи за обична настинка или нешто посеризно, доколку овој лек го користите редовно, во комбинација со пропишаната терапија ќе се опоравите за неколку дена.




Крушата е хипоалергична храна и тешко предизвикува некаква алергија, освен тоа, таа изобилува со растворливи влакна, како и пектин кој е природен диуретик. Крушите се богати со сорбитол, вид ал-кохолен шеќер кој има помалку калории од обичниот шеќер, а поради високата содржина на вода, пријатниот вкус и можноста за зголемување на енергијата, ова овошје е одлично за ди-ететски ре-жими на исхрана.




Постојат различни видови круши, но сите имаат слична нутритивна вредност. За разлика од другите овошки, имаат нешто поголема калориска вредност, но сепак сè уште можат да се сметаат за ниско-калорична храна. Во зависност од зрелоста, се менува и нивната шеќерна содржина.




Во помали концентрации содржи витамин А, фолна киселина, ниацин, но и калциум и железо. Споменатите витамини од Б групата се важни за клеточната функција и продукцијата на енергија, додека витаминот А е значаен за здравјето на кожата, очите и побрзото заздравување на ра-ните.




Бакарот е т.н. минерал во траги, кој треба да се внесува во помали количества, а е значаен за имунитетот, холестеролниот метаболизам, нервниот систем, додека калиумот е клучен за кардиоваскуларното здравје.




Крушите се богати со витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, како и бакар, фосфор и калиум. Исто така, содржи калциум, хлор, железо, магнезиум, натриум и сулфур, а фолна киселина и ниацин се дел од нивниот богат состав.




Сорбитолот в о крушите не се дигестира целосно, но ферментира во дебелото црево и се рас-паѓа благодарение на добрите бактерии на цревната флора, а тоа пак, влијае и врз здравјето на забите.




Крушата е полна со пектин кој е одличен диуретик, а има и благо лаксативно дејство, што влијае врз подобрување на работата на цревата и на процесот на варење. Растворливите влакна се одлични за здравјето на дигестивниот тракт и можат да помогнат во спречување на рак на дебелото црево.




Го олеснува артритисот и гихтот

Забележано е дека долго време се користи во народната медицина за лекување на гихт и дека има позитивен ефект врз здравјето на бубрезите и регулирање на процесот на мокрење, како и кај ревматските заболувања, пред сè поради неговите диуретични својства.




Во своите лушпи, крушите го содржат добро познатиот кверцетин, антиоксидант кој истражувања го поврзуваат со повеќе бенефити за срцето, како намален крвен притисок, намален холестерол и намалена инфламација.




Цвеклото е двегодишно растениe со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година, a неговата најголема употреба се забележува за подобрување на железото во кр-вта.

Корисното својство на цвеклото во однос на кардиоваскуларното здравје, главно се должи на неговиот состав, односно содржината на нитрати, кои се ,,претвораат” во азотен оксид во телото. Овој оксид делува на релаксација на кр-вните садови, на тој начин подобрувајќи го протокот на крвта низ нив, што пак води кон намалување на кр-вниот притисок.

Kомбинацијата на овие 2 овошки кои може лесно да ги набавите е многу моќна, а има лековито дејство врз многу здравствени состојби. Потребни состојки: 500 г цвекло, 50 мл балсамико оцет, ½ лажичка бел пипер, 150 г круша, 50 г боровинка, 1 лажица скробно брашно, 1 лажица шеќер, малку сол.

Постапка: Измијте го цвеклото, излупете го и исечете го на тенки парчиња. Во лонец ставете 1 литар вода, балсамико, зачинете со сол и пипер, додајте го цвеклото и динстајте на тивок оган.

Крушите измијте ги, излупете ги, одвојте ги од семките и исечете на парчиња. Пред целосно да омекне цвеклото, додајте ги крушите и динстајте уште 10 минути.

Пред сервирање, заматете го скробното брашно со 2 лажици вода и желе или пире од боровинка, додајте го цвеклото и мешајте додека малку да се згусне. По желба зачинете со уште малку балсамико и бел пипер.

Фото: Јутјуб Принтскрин

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот матичен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.