Невенот лекува рани, егзема, хемороиди, лишаи, проширени вени, габични инфекции

loading...

Тешко е да се поверува дека ова мало цветче (Calendula Officinalis) има толку многу позитивни дејства врз нашето здравје.

Невенот е една од нај лековитите билки на нашите простори.

Природна козметика, чаеви, масло од невен… – широкиот спектар на неговото делување е фасцинантно. Според потеклото тоа е едногодишна билка со медитеранско потекло.

loading...

Се одгледува уште од 12.век, на старите народи невенот им бил одлично познат, а неговата примена во народната медицина останала и до денес иако порано можеби му се придавало поголемо значење.

Невенот има силно портокалова боја со привлечен изглед, низок раст до максимални 70 центиметри, со изразено горко-сладок мирис.

Се користи целата билка освен коренот, а најголема примена во лекувањето има самиот цвет. Невенот цвета од јуни до првите мразеви, а неговиот цвет се бере и суши. За 1 кг сув невен, просечно се потребни 5 кг свеж.

Се употребува надворешно и внатрешно. Во себе содржи многу лековити својства како што се етерични масла, каротеноиди, содржи танини сапонини, флавониди, како и горки материи и смола.

Од невенот се прават чаеви, тинктури но и креми и масла, а сето наведено е во исклучително широка примена.

КРЕМ ОД НЕВЕН

200 г свинска маст(испрана во 9 води)/несолен путер/кокосово масло
50 г пчелин восок
2 шаки цвет од невен (само латици)

Растопете ја маста, додадете невен и варете на тивко 10 мин. Оставете преку ноќ, повторно загрејте и процедете низ газа.

Додадете восок, на тивко растопете го, добро промешајте и складирајте во соодветни кутии. Се чува во фрижидер.

НЕВЕНОВО МАСЛО ПРОТИВ РАНИ, ЛИШАИ, ЕКЦЕМИ, ИМПЕТИГО, ХЕМОРОИДИ, ИЗГОРЕНИЦИ, ГНОЈНИ ЧИРЕВИ И ГАБИЧНИ ЗАБОЛУВАЊА НА КОЖАТА

Потребни состојки: невен и ладно цедено масло во однос 1:1

1.Наберете ги цветовите невен и малку од листовите, доцна претпладне
2.Исечкајте ги ситно и ставете ги во стаклена тегла.
3.Прелијте со ладно цедено маслиново масло, затворете ја теглата и оставете на сончево и топло место да отстои
4-5 недели. Промешувајте повремено.
4.Се процедува низ двојна газа и се чува во стаклено шише на темно и студено место.

На што треба да внимавате, како да го чувате и употребувате невеновото масло:
Внимание: Невеновото масло лесно оксидира. Затоа, внимателно користете го и пред секоја употреба проверувајте дали ја сменило бојата или мирисот.

Орална употреба: по две лажици дневно пред јадење, за чувствителен желудник, чир на желудник и на дванаесетпалечно црево.

Надворешна употреба: Невенот ја стимулира регенерацијата на клетките, па се користи за сите видови рани на кожата.
Мелем против проширени вени:

Загрејте половина кг свинска маст на тивок оган. Кога целосно ќе се растопи, додајте две раце свежи цветови невен и една рака исушени, зелени, боцкави лушпи од див костен.

Оставете да запени, тргнете од оган и мешајте 5 минути.
Поклопете и оставете на ладно место да одлежи 24 часа.

Потоа на тивок оган постепено загревајте со постојано мешање додека повторно да се растопи маста. Процедете низ газа и складирајте во теглички.
Чувајте на темно и суво место.
Вените да се мачкаат со овој мевлем секоја вечер, без  масирање, одозгора надолу.

ПРИРОДНА КОЗМЕТИКА ОД НЕВЕН

Доколку не сакате сами да си ги приготвувате козметичките производи од невен, бидете сигурни дека тие се бројни, а сега веќе масовни кога станува збор за природната козметика.

Достапни се и креми и масла кои покрај исклучителното дејство имаат и пријатен мирис.

Чај од невен

Чаевите од невен се употребуваат за ублажување на менструални тегоби и да се намали обилно крвавење. Исто така, се користи и против повраќање како и за силни настинки.

Бидејќи делува смирувачки, успешно влијае и при несоница или тахикардија.
Со невенот се прочистува крвта, а маста направена со негови цветови одлично делува при лекување на хемороиди.

Невеновата маст се користи и за санирање на рани и повреди, а се прави многу едноставно:

Во „испрана“ домашна маст се додава сок од свежо иседени цветови од невен. На оган се топи маста заедно со невенот и се мешаат додека да се соединат, а кога ќе излади и добие жолта боја, се складира во соодветни садови.

Исто така, може да користи и за изгореници од прекумерно сончање.
Тинктурите се користат за различни воспалителни процеси, а одлични се кај длабоки рани, но и кај други воспалителни процеси на кожа (акни, црвенило).

Поради неговото повеќекратно дејство, дава одлични резултати и се применува во природната козметика: лекува акни, разни воспалителни процеси, го елиминира црвенилото, но се користи и превентивно.

МАСЛО ОД НЕВЕН

Маслото од невен во комбинација со некои етерични масла кои можат да му дадат убав мирис, е подобро од било кој лосион за вашата кожа, бидејќи во него се наоѓаат сите потребни состојки за исхрана и сјај на вашата кожа.

Доколку користите невеново масло, водете сметка добро да го затворате бидејќи ќе оксидира. Кога ќе „ужегне“ ги губи лековитите својства.

loading...