Во народната медицина глогот се употребува како средство против срцеви тегоби, а во 19 век француските и англиските лекари веќе на широко почнале да го признаваат и употребуваат.

Тинкурата од глог се појавила во книгата за хомеопатски лекови некаде во Втората светска војна, а после тоа глогот бил цел на многубројни истражувања кои само ја докажале неговата ефиксност.

Рецепт за тинктура:

20 г цветови од глог и листови

100 мл медицински алкохол 70-96%

Постапка:

Исечкајте ги цветовите и листовите во стаклен сад и прелијте ги со алкохол и оставете ги да отстојат 4-6 седмици на собна температура. Теглата протресувајте ја повремено или ставете потисок за да може цветовите постојано да бидат прелиени со алкохолот.

Употреба: се зема 3-5 пати дневно, по 15 капки на коцка шеќер или со вода, чај или друг напиток, по претходна консултација со лекар.

После 5-7 дена МОРА да се направи пауза од 2-3 дена.

Глогот ја јакне и регулира срцевата работа и е одличен регулатор на крвниот притисок. Се препорачува и при воспаленија на срцев мускул (миокардитис) и атеросклероза, а има и поволен ефект кај слабост на срцевиот мускул.

Делува и диуретично.

Освен за срцето, глогот е одличен смирувач на нервниот систем, па се препорачува кај срцеви и нервни болни, при изразени симптоми на менопауза, постари луѓе, несоница, анксиозност во вид на чај од листови глог. 

Плодовите на глогот во северните земји се користат и во кулинарството, но и во козметиката. Глогот се препорачува за масна или иритирана и вцрвенета кожа во вид на лосион за лице.

СИРУП ОД ГЛОГ

1,5 кг бобинки од глог

Вода (2,5 см над бобинките)

Постапка:

Во еден сад ставете ги бобинките и прелијте ги со вода, 2,5 см над нив. Оставете ги потопени 24 часа.

Следниот ден ставете ги на тивок оган, па кога ќе започне да зоврива оставете да се вари уште 30 минути, со постојано мешање. Потоа тргнете од оган и оставете да се лади 30 минути.

Процедете, а течноста складирајте ја во фрижидер.

Бобинките повторно прелијте ги со вода исто како и првиот пат. Повторете ја целата постапка, па процедената течност соединете ја со првата од фрижидер.

Ставете на оган да се вари додека да остане 1/4. Складирајте во стаклена тегла. Употреба: 6-12 лажици дневно. Рок на траење: неограничен.

Чајот од глог го обновува и зајакнува срцевиот мускул кој со години доживеал оштетување.

РЕЦЕПТ

Чајот се подготвува од иста количина на цветови и листови или само од цвет или лист. Во секој случај се зема една чајна лажица на 1 шолја вода, која претходно се става да зоврие и се прелива преку сувата билка. Се пијат 2-3 шолји на ден, засладено со мед и секогаш во голтки.