Рецепт и видео презентација: Бокина кујна – Посна нескафе торта.

Тортата има многу добар вкус и изгледа доста декоративно, па вашите гости ќе мислат дека многу сте се потрудиле околу нејзината подготовка и дека е многу комплицирана. Вистината е дека се приготвува многу едноставно и многу брзо.

Потребни состојки: 100 г шеќер, 100 г посен маргарин, 100 мл вода, 1 кесичка нескафе 2 г, 300 г брашно, ½ прашок за печиво

За фил: 700 мл вода, 200 г шеќер, 4 кесички нескафе, 7 полни лажици густин/нишесте/скроб, 250 г посен маргарин, 300 г посен шлаг, газирана вода по потреба, сечкано суво овошје (суво грозје) по желба или јаткасти плодови

Постапка: веднаш нескафето промешајте го во водата и тргнете го на страна. Во брашното додајте го прашокот за печиво. Путерот омекнат на собна температура испасирајте го со виљушка, па пенасто изматете го. Додајте го шеќерот и продолжете со матење.

Во изматениот путер додајте го разматеното нескафе, изматете, па постепено додадете го и брашното. Добиеното тесто поделете го на три еднакви делови од кои ќе се испечат три кори врз превртена тепсија или калап. Калапот за торти (24 см) обложете го со хартија за печење, но од неговиот заден дел.

Земете еден дел од тестото и со помош на прстите или со задниот дел на лажицата (претходно натопена во вода), тапкајте го и развлечете кора според димензиите на калапот. Ставете да се пече во загреана рерна на 200-180 степени околу 10-15 минути.

За фил: Во густинот додадете вода (100 мл) и убаво промешајте да нема грутчиња. Преостанатата вода (600 мл) ставете ја на оган заедно со шеќерот и нескафето, па кога ќе зоврие додадете го густинот со постојано мешање додека да добиете густ крем. Тргнете на страна да излади.

Путерот измиксајте го пенасто, па во него постепено додадете го изладениот крем од нес кафе со постојано матење.

На страна изматете го шлагот и започнете со филување на тортата. Врз првата кора нанесете третина од филот и убаво израмнете, па ставете третина од крем шлагот. Постапката повторете ја со трите кори. Деталите погледнете ги во видеото: