Баклава за душа – со фил до гуша – е ова е нешто што мора да го пробате, сочна, се топи во уста…ммм

Фото и рецепт на Ленче Гогова – Баклава за душа, со фил до гуша.

Нашата драга членка и пријателка Ленче Гогова го објави рецептот во групата НМД рецепти. Богата баклава која само од погледот на фотографиите ви предизвикува вода на уста…

Потребни состојки:

1 кг готови кори
5 јајца
5 лажици шеќер
300 г мелени ореви
250 г маргарин/путер

за шербет:

1 ½ кг шеќер
1 ½ литар вода
1 ванилин шеќер

Постапка:

Најпрво сварете го сирупот за да има време да излади. Сите состојки варете ги 7-10 минути (пред крај додадете ванилин шеќер, а кој сака може и неколку тркалца од лимон).

За фил: Пенасто изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се растопи а јајцата да побелат. Во смесата додадете 300 г мелени ореви.

На страна растопете го путерот/маргаринот (може и малку масло да се додаде). Се прават ролати од по три кори. Отворете ја првата кора и наросете ја со растопениот путер.

Врз првата кора ставете ја втората, па и неа испрскајте ја со растопен путер. Поклопете ја со третата кора. До половина од кората наросете/премачкајте со филот од јајца, па свиткајте го ролатот.

Постапката повторете ја со остатокот од материјалот, а готовите ролати редете ги во намастен плех. Исечете на парчиња и прелијте го одозгора остатокот од преливот. Ставете да се пече во добро загреана рерна на 220, па намалете на 200 и печете 10-тина минути, па баклавата допечете ја на 180-160 степени.

Прилагодете го печењето според вашата рерна. Печената баклава додека е топла прелијте ја со ладен (млак) шербет и оставете ја додека убаво да се впие.

Фото и рецепт на Ленче Гогова

Претходна статијаНескафе торта: лесна и кремаста – совршена ПОСНА торта
Следна статијаДенес се слави Ѓурѓиц, се верува дека според овој ден може да се предвиди каква ќе биде зимата