Многу вкусни ситни колачи со сусам, ореви и мед. Ќе ги правите постојано, особено одговараат за празничните денови бидејќи се прават многу лесно, не се печат, а потсетуваат на старите денови.
Според традицијата за бадник се приготвуваат колачи кои содржат мед и ореви, а кои се симбол на добро здравје…
И овој пат повторно споделуваме рецепт од Бети Јоси од Кујната на Клара Бос со нејзините извонредни рецепти. Нејзиниот блог и вкусните рецепти може да ги погледнете ОВДЕ.
Корнфлекс колачи со сусам, мед и ореви. „Прекрасен пандан на старите добри и обожавани шишарки или кукулички како ги викаме ние во Битола, кој за разлика од нив овде има во секој загриз крцкава структура и е исто толку „заpазен“ за јадење.
Предноста е плус во тоа што не губите време со калапење, туку сè се истура и потоа се сече. Мераци!“ Потребни состојки: 200 г потпечен сусам, 220 г чоколадо, 220 г маргарин, 120 г шеќер, 260 г мед, 100 г сечкани, дробени или толчени ореви 250 г корнфлекс.
Постапка: Во суво тавче потпечете го сусамот. Корнфлексот издробете го со рацете да е поситен. Ставете ги во тенџерче шеќерот, медот и маргаринот да се стопат и соединат на средна температура.
Во вангла ставете го корнфлексот и оревите. Ореви доколку сакате може да додадете и дупло, а исто така кој сака може да додаде и 100 г суво грозје или брусница, ние не јадеме па затоа не ставам. Тргнете 50-60 г од сусамот на страна и останатиот додадете го во смесата.
Измешајте и додајте ги стопените состојки. Повторно убаво измешајте и смесата истурете ја во плех обложен со пек-хартија и убаво со раце или алатка натиснете ја смесата да се збие и израмни насекаде.
На крај посипете насекаде одозгора со сусамот кој го тргнавте на страна и убаво натапкајте го да се залепи со смесата. Оставете да неколу часа да се стегне подобро и исечете на коцки, штангли или ромбови.
Во продолжение може да прочитате наш предлог за посни бадникови колачиња со мед и ореви во тектот ОВДЕ, посно бадниково лепче ОВДЕ и уште неколку рецепти за посна баклава, емби колачи и пиварки во текстот ОВДЕ.