Непечена ТАРАБА ТОРТА со едноставно приготвување и одличен вкус

Децата многу ја сакаат, па малку го променив оригиналниот рецепт зошто на овој начин малку подобро се приготвува.

Потребни состојки:

10 јајца
250 г чоколадо за готвење
250 г путер/маргарин
1 поголема кутија плазма бисквити или пишкоти
По желба малку рум
Малку млеко за натопување на бисквитите
4-5 шлаг крем или 500 мл слатка павлака за шлаг
300 г шеќер во прав

Постапка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, па сварете ги на пареа (Се матат во сад кој е ставен врз друг сад во кој врие вода). Кога ќе започнат да се згуснуваат, додадете чоколадо искршено на коцки, па мешајте додека да се растопи и соедини.

Додадете рум по желба. Кога кремот ќе излади соединете го пенасто изматен путер. Тркалезен калап обложете со проѕирна фолија.

Бисквитите или пишкотите натопете ги кратко во млеко и наредете ги на дното и на страните од тркалезен калап. Во вака приготвениот обрач излејте го филот и убаво распоредете го. Оставете го кратко време во замрзнувач за да се стегне.

Извадете ја тортата и внимателно извадете ја проѕирната фолија. Изматете ја слатката павлака и крем шлагот, па украсете ја целата торта. Оставете да преноќи во фрижидер, а следниот ден украсете ја по желба.

Претходна статијаИТНА ДИЕТА: Може да добиете рамен стомак за една ноќ, но треба нешто да направите
Следна статијаКОЦКИ СО ВИШНА И ЧОКОЛАДО – Брза подготовка, совршен вкус