Пробајте го новиот хит на Интернет, пуфкасти мекици меки како памук кои имаат форма на венче.
Потребни состојки: 200 мл млеко на собна температура, 40 г шеќер, 20 г свеж квасец,, ½ лажица солм, 400 г брашно сенаменско, 1 јајце, 40 г путер.
За валкање: шеќер кристален, ванилин шеќер и цимет
Постапка: Во подлабок сад ставете една чаша млеко на собна температура, па издробете 20 г свеж квасец и додадете 40 г шеќер.
Во смесата додајте 400 г сенаменско брашно, 1 цело јајце, половина лажица сол и 40 г омекнат путер и исечкан на ситни коцки.
Измесете со миксер за тесто или рачно додека да добиете убаво мазно тесто кое не се лепи. Формирајте топка, малку набрашнете го и тестото оставете го да стасува покриено околу 45 -60 минути на собна температура додека да се удвои.
Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина и поделете го на 12 дела. Од секој дел формирајте топчиња.
Редете ги на набрашнета површина и малку наросете ги со брашно одозгора. Покријте ги со најлонска кеса и оставете ги да одморат 10 минути.
Земете едно топче, сплескајте го со дланката, па формирајте долго влјаче. Од него сплетете венче и соединете ги краевите.
Постапката повторете ја со сите останати топчиња. Набрашнете ги малку и оставете ги покриени да стасуваат уште 30-40 минути.
Стасаните крофнички спуштајте ги во умерено загреано длабоко масло со горната страна. Пржете ги по неколку минути од двете страни додека убаво да заруменат.
Вадете ги врз хартиена салветка. Валкајте ги во мешавина од шеќер, ванилин шеќер и цимет. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.