После феноменалниот оброк, секој едвај чека да се заслади, а ако послужите чоколадни тирамису топчиња нема да погрешите. Сите кои го сакаат познатиот италијански деликатес ќе ги сакаат овие мали колачи. Лесно се подготвуваат, а гостите ќе бидат воодушевени. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 мали пакувања бисквити, 1 лажичка инстант кафе, 100 мл вода, 2 лажици шеќер, 1 лажица рум, 250 г маскарпоне сирење, млечно чоколадо, слатко какао.

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1,5 лажичка инстант кафе (може да користите нес кафе), 30 мл топла вода, 250 г маскарпоне, 50 г шеќер во прав, неколку капки ванилин екстракт, 140 г пишкоти (или плазма/мелени бисквити), какао за наросување, Нутела по потреба.

ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Ставете го кафето во чаша и прелијте со топла вода. Промешајте, па додајте го шеќерот и румот. Мешајте додека да се раствори шеќерот, а потоа прелијте го кафето во подлабок сад, каде што ќе ја подготвите остатокот од смесата.

Бисквитите изблендирајте ги, па додајте ги во кафето. Додајте го маскарпонето и убаво измешајте. Покријте со проѕирна фолија и оставете во фрижидер половина час. Потребно е да се формира цврста смеса, со малку мокра конзистентност.

Земете малку од смесата и сплескајте ја на рацете. Мерете си со помош на лажица за сите топчиња да ви излезат еднакви, па наропете ја развлечената смеса во растопената чоколада. Обликувајте топчиња, па валкајте во слатко какао.

Отстранете го вишокот какао така што ќе ја ставите топката врз цедалка и малку протресете ја. Може да се јадат веднаш, но подобри се ако се чуваат малку во фрижидер. Во продолжение може да ја прочитите постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во сад се додава кафето и се прелива со 30 мл топла вода. Се промешува додека се раствори кафето во водата и се трга настрана целосно да се олади. Во друг сад се додава маскарпонето и се разматува со маталка-жица.

Во маскарпонето се додава шеќерот во прав и се соединува. Се капнуваат неколку капки екстракт од ванила, а може да користите и половина кесичка ванилин шеќер, па во оваа смеса се додава изладеното кафе и целата смеса се соединува.

Пишкотите се кршат на помали парчиња и се сомелуваат во блендер. Може да користите и плазма или да изблендирате бисквити наместо пишкоти. Мелените пишкоти се додаваат во смесата и се заедно се соединува до формирање на конзистентност слична на влажен песок. Смесата се става во фрижидер да се стврдне околу 30 минути.

Со лажица се црпи од смесата и се формираат топчиња со рацете. Секое топче се валка во какао и се редат на чинија. Ова е првиот начин доколку топчињата ги подготвувате празни, без фил.

За филувани колачиња, кога црпите од смесата, прво со рацете ја развлекувате во круг. Во средина ставате од Нутелата и затворате по страните и обликувате топче. И овие колачиња се валкаат во какао.

Од оваа количина излегуваат 15 колачиња, но верувајте дека веднаш ќе се изедат, па како идеја ви предложувам да си направите едни со фил, а други без. Децата најмногу ги сакаат, па дури и оние најпребирливите. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.