Фото и рецепт: Рада Врбњанац – пита со грозје

Многу вкусна блага пита со грозје со готови кори, ќе ве воодушеви вкусот.

Потребни состојки:

500 г готови кори

1,5 кг грозје

3 лажици шеќер

6 лажици гриз

1 ванилин шеќер (10 г)

1 цимет (10 г)

масло по потреба

6 супени лажици (по 1 за секој ролат)

за премачкување одозгора:

1 лажица масло

1 лажица вода

1 лажица шеќер + 1 ванилин шеќер за наросување

Постапка:

Измијте и исчистете од петелки 1,5 кг модро или бело грозје и ако е крупно пресечете го на половина. Моето грозје е домашно и поситна сорта, па зрната ги ставав цели. Кој има може да употреби и грозје без семки.

Во исчистеното грозје ставете 3 супени лажици шеќер, 6 лажици гриз, 1 кесичка цимет и 1 кесичка ванилин шеќер. Убаво промешајте да се изедначи и тргнете на страна.

Потребни се половина килограм кори и од нив се добиваат 6 ролати пита. Една кора отворете ја и наросете ја со масло, рамномерно распоредете со една супена лажица шеќер, преку неа ставете втора кора, исто така испрскајте ја со масло, а покрај крајот ставете една шестина од филот со грозје.

Свиткајте ги краевите кон внатре за да не истекува сокот, па свиткајте го ролатот вообичаено. Истата постапка повторете ја и со преостанатите кори и фил, а ролатите редете ги во намастен плех.

Потоа во 1 супена лажица масло додадете 1 лажица вода и со оваа мешавина премачкјате ги корите одозгора. Потоа рамномерно наросете 1 супена лажица шеќер и една кесичка ванилин шеќер.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час или додека убаво да зарумени. Питата не се покрива за да остане кората крцкава. Семките се малку тврдички и може да се јадат, ама кој не сака може да ги фрли.

Фото и рецепт: Рада Врбњанац