Овој рецепт толку ме изненади со својата едноставност и брзо приготвување, што доцна во ноќта, кога го пронајдов овој рецепт на интернет, решив веднаш и да го направам.

Состојките што се потребни ги имате сите во својата кујна. Изненадувачки лесно, без мака, добив вкусен колач кој се топи во уста. Пробајте го и вие, топло ви го препорачувам.

Потребни состојки:

1 чаша (од 200 мл) млеко
1 чаша шеќер
1 чаша масло
4 супени полни лажици какао

Постапка:

Сите состојки изматете ги со миксер во еден поголем сад, а потоа смесата поделете ја на два еднакви дела. Во едниот дел додадете:

2 јајца
1 чаша брашно
1 кесичка прашок за печиво
1 кесичка ванилин шеќер (или по вкус)

Изматете со миксер додека да се соедини. Плехот со средна величина намастете го со масло и набрашнете го (или обложете го со хартија), излејте ја смесата во него и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.

Проверете со чепкалка дали колачот е печен: ако чепкалката е сува, значи дека е готов. Извадете го од рерна и прелијте со втората половина од од смесата. Оставете да отстои еден час за убаво да впие, а потоа можете да го сечете на коцки. Јас го оставив така да преноќи (беше доцна). Следното утро го пробав. Колачот беше многу вкусен и необично нежен, прсто се топеше во уста.

Uspesnazena.com