Пречица е многу редок и заштитен вид во многу делови од светот, но дури и кај нас не смее да се бере во природата, нагласува Момчило Антонијевиќ, познат билкар и фитотерапевт. Тоа е моќна билка која го лекува црниот дроб, но се користи и за третирање на раните.

„Пречица се користи за внатрешни и надворешни проблеми. Кај нашиот народ постои верување дека е добра за сите болести на бубрезите и мочниот меур, а особено се препорачува за луѓе кои имаат проблем со црниот дроб.

Дури и за некои посериозни заболувања на црниот дроб. Таа е хепатопротективно растение, го штити црниот дроб и помага во неговата регенерација“, објаснува билкарот за РТС.

За разлика од другите билни чаеви, една шолја чај од пречица (lycopodium clavatum) е сосем доволна. Најмногу до две шолји во исклучително тешки случаи. Интересно е, забележува Антонијевиќ, дека чајот од пречица се подготвува на следниот начин:

Една лажица од билката се прелива со 250 милилитри врела вода, а потоа поклопено се остава да отстои само пет минути. Во принцип, повеќето билки треба да стојат подолго во водата за да ги ослободат активните состојки и да имаат ефект, но тоа не е случај и со пречицата.

Билката пречица расте налегната врз земјата и има спорофитски класја на врвот од кој се собира поленот. Поленот од пречица се користи првенствено во фармацевтската индустрија поради неговите хидрофобни својства, односно не апсорбира вода. Поради овие својства, поленот се користи во фармацијата за производство на пилули за да не се лепат едни за други, а исто така се додава и во антикорозивни прашоци.

„Пречица исто така, се смета за еден од најдобрите лекови за декубитус, за третирање на рани и егзема“, додаде гостинот на утринската програма.

Поленот од пречица е тешко да се најде кај нас, но чајот може да се купи во билните аптеки, само што не е многу евтин, посочува Момчило Антонијевиќ. Поленот може да се најде во странство, но не и во билните аптеки, бидејќи тој честопати се користи во хемијата и за други цели.

Чајот од пречица најтопло им се препорачува на пациенти со гихт и ревматизам, дури и кога веќе се видливи деформитетите на зглобовите, како и за оние кои страдаат од хроничен запек и хемороиди.

Луѓето кои страдаат од дијареја треба да го користат овој чај само со голема претпазливост со цел да се избегнат грчеви во цревата. Никогаш не треба да се готви оваа билка, туку само да се прелие со врела вода.

Чајот се користи и за сите болести на уринарните и гени-талните органи, како и за песок во бубрезите и ренална колика. Пречица е неопходна во лекувањето на воспаление на црниот дроб, за патолошко отекување на неговото сврзно ткиво, дури и кога веќе има добиено малиген карактер. Исто така, брзо ја враќа целосната сила на реконвалесцентот.

Начини на употреба на билката пречица

ЧАЈ: една рамна лажица сува билка се прелива со 250 мл врела вода и се остава да отстои кратко време. Пијте само една чаша на ден, голтка по голтка, наутро на празен стомак, половина час пред појадок. Кај цироза на црниот дроб и малигни заболувања на црниот дроб, се консумираат 2 чаши чај на ден.

Перничиња со пречица

Наполнете ја перничиња со исушена билка (земете 100, 200 или 300 г во зависност од погодената област) и фиксирајте ги на болното место. Оставете да делува преку цела ноќ. Ваквите перничиња го задржуваат своето лековито дејство до една година. Повеќе за билката можете да слушнете во видеото на билкарот ОВДЕ.