НЕМА ПОДОБРО ЧУВСТВО ОД КОГА ЈАДЕТЕ ДОМАШНА, МЕКА, ПУТЕР ПОГАЧА…Толку е мека и вкусна, што на сите им се допаѓа…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
450 милилитри топло млеко
40 грама свеж квасец
1 лажица шеќер
60 милилитри масло
650 грама брашно Т400 меко (+- 50 г)
1 јајце
100 грама путер/маргарин
ПОСТАПКА:
Квасецот помешајте го со малку топло млеко 200 мл, шеќер и 2-3 лажици брашно. Кога ќе се растворат состојките, оставете на топло место 10-тина минути за да се активира квасецот.
Остатокот од млекото( 250 мл) помешајте го со маслото, додајте сил и активираниот квасец. Во течната мешавина започнете постепено да го додавате просеаното брашно. Замесете меко, мазно и нелепливо тесто.
Тестото подмачкајте го со масло, покријте го со проѕирна фолија и оставете го на топло место да ферментира додека да го зголеми волуменот. После тоа на набрашнета површина малку размесете го и поделете го на 8 дела.
Направете топчиња. Секое развлечете го во форма на помал правоаголник, премачкајте го со путер и направете засеци на едната страна, но не докрај.
Свиткајте како кифла. Повторете го ова со преостанатите топчиња. Наредете ги во намастена тепсија со пречник од 30 см. Оставете да пораснат уште малку на топло место, 20-30 минути и да се соединат во погача.
Потоа премачкајте ја со изматено јајце и ставете да се пече во рерна на 200 степени, 20-25 минути. Печената погача премачкјате ја со масло или путер додека е сè уште топла. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.