Фотографија и рецепт на Слаѓана Рожа

Потребни состојки: 200 г шунка рендана, 200 г кашкавал крупно рендан, 3 тврдо варени јајца, 100 г мајонез, 3 поголеми варени компири, 1-2 кисели павлаки од по 180 г и сол по вкус

Постапка: Во еден голем сад изрендајте го компирот на крупно ренде. Малку посолете па преку него премачкајте со кисела павлака.

Над павлаката изрендајте шунка, а неа премачкајте ја со мајонез. Потоа изрендајте 2 цели јајца и една белка од третото јајце.

Изрендајте ¾ од кашкавалот, а преку него премачкајте со кисела павлака. На крај наросете со остатокот од кашкавалот и ситно ренданата жолчка.

Вака наредената салата оставете ја неколку часови во фрижидер, па пригответе ги калапите кои ќе ги обложите со проѕирен целофан и ќе ги полните со салата.

Добро натапкајте па превртете го калапот, внимателно тргнете ја фолијата и украсете ја одозгора.

Истата салата можете да ја приготвите целата количина во некој проѕирен сад во кој ќе се гледаат шарените редови.

Фотографија и рецепт на Слаѓана Рожа