Слаткиот компир (лат. Ipomoea batatas) е повеќегодишно растение во тропските и суптропските области на Централна и Јужна Америка. Припаѓа на групата зеленчуци, а карактеристичен е поради неговиот голем корен, кој се карактеризира со скробен и сладок вкус. Коренот од сладок компир може да биде жолт, портокалов и црвен.

Различни цивилизации го користат најмалку 4.000 години. Денес, широко се консумира во Америка, Азија и Африка, а најмногу се произведува во Кина, Индонезија и Уганда. Во Европа, слатките компири се нешто помалку застапени, но во последните десет години тие стануваат сè попопуларни.

Се одгледува и во нашите краишта, каде е познат како „сладок компир – батат“.

Нутриционистички вредности на слаткиот компир може да задоволи голем дел од секојдневните хранливи потреби на човекот. Изобилува со многу јаглехидрати, витамини и минерали. Големата количина на витамин А ги класифицира слатките компири како храна неопходна за внес на овој витамин.

Исто така, бататот е добар извор на влакна, биотин, калиум, фосфор и витамини од групата Б, витамин Ц, бета-каротин и минерали манган и бакар, фитостероли, каротени и каротеноиди, фолна киселина, витамини Д и Е, како и магнезиум и железо. Содржи многу скроб и многу малку маснотии, поради што е висококвалитетна енергетска храна.

Се препорачува за спортисти и дијабетичари и секој што треба да обрне внимание на својата исхрана поради здравствени причини. Хранливиот сладок компир има многу добар ефект врз органите на ендокриниот систем. Има корисен ефект врз дебелото црево, слезината, панкреасот, желудникот и бубрезите.

Исто така, може да помогне при проблеми со кожата. Одлично ги неутрализира штетните слободни радикали во телото и го зајакнува целиот имунолошки систем и ги контролира нивоата на шеќер во крвта.

Ако страдате од дијабетес или имате прекумерна тежина, вклучете го бататот во вашето мени и уживајте во неговите вкусови и здравствени придобивки. Сложените јаглехидрати и влакна во слаткиот компир овозможуваат постепено и бавно ослободување на шеќерот и негова апсорпција во крвотокот.

Исто така е омилена храна за луѓето кои сакаат да ја контролираат својата тежина. Богатството на влакна обезбедува ситост без да чувствувате тешки и масни наслаги. Дополнителна предност на слаткиот компир лежи во манганот.

Помага во метаболизмот на јагленихидрати и е клучен фактор за внес на голем број на ензими, важни за производство на енергија и многу потребни антиоксиданти.

Заштита од кардиоваскуларни заболувања

Бидејќи слаткиот компир е извор на витамин Б6, тој го намалува ризикот од срцеви заболувања. Имено, витаминот Б6 му е потребен на организмот бидејќи ја разградува супстанцијата наречена хомоцистеин, која може директно да ги оштети кр-вните садови.

Минералот калиум помага во контролата на кр-вниот притисок, а слаткиот компир го поседува и овој минерал покрај многу други. Слаткиот компир може да помогне при многу здравствени состојби затоа што го намалува високиот кр-вен притисок и ги штити срцето и кр-вните садови.

Превенција од рак

Бета-каротенот од слаткиот компир е моќен антиоксиданс. Истражувањата покажаа дека луѓето кои јадат храна богата со бета-каротен (портокал и лиснат зеленчук) имаат намален ризик од рак. Слаткиот компир покажа ефективен ефект во намалување на ризикот од рак на белите дробови, дебелото црево и стомакот.

Едно истражување, спроведено врз жени пред менопауза, се докажало дека консумирањето на зеленчук што содржи бета-каротен, фолна киселина, витамин Ц и растителни влакна (како слаткиот компир) го намалува ризикот од рак на дојка за 50%.

Бидејќи слаткиот компир содржи повеќе бета-каротен од морковот и повеќе витамин Ц отколку доматот, онколозите и здруженијата за третман на пациенти со карцином препорачуваат редовна употреба на сладок компир во исхраната. Истиот став е потврден и од Американскиот институт за истражување на рак.

Слаткиот компир треба да се внесува редовно при овие болести: срцев и мозочен у-дар, болести на срцето и кр-вните садови, рак, катаракта или ноќно слепило, дијабетес, слаб имунитет, акни, Алцхајмерова болест.

Како да го подготвите слаткиот компир

Слатките компири обично се јадат варени или печени. Можете да подготвите заедно со друг зеленчук како спанаќ. Коренот на слаткиот компир е исто така јадлив бидејќи содржи корисни диетални влакна.

Ако го готвите, не треба да го посолувате, бидејќи поради изобилството на минерали, тој е буквално вкусен. За да се зачува неговиот ароматичен вкус, подобро е да се готви во пареа отколку во вода околу 30-40 минути.

Рецепти:

Сок од портокал и сладок компир. Потребни состојки: 1 сладок компир, 2 јаболка, 1 портокал, 1 морков, 4 стебленца целер, 1 до 2 мали лажички куркума

Подготовка: Добро измијте ги сите состојки. Излупете го портокалот и слаткиот компир. Изблендирајте ги сите состојки заедно со мал филџан вода и испијте го свежо подготвен.

„Брза“ супа од морков и сладок компир. Потребни состојки: 5 лажици фиде, 2 мали слатки компири, 1 среден морков, 1 авокадо 3 мали лукчиња, пола лажичка морска сол, прстофат цимет по желба и 1 чаша листови спанаќ добро полнета, вода по потреба

Подготовка: Измешајте ги состојките во наведениот аранжман, освен спанаќот. Додадете повеќе вода колку што е потребно за да ги покриете состојките. Измешајте ја смесата додека не почне да врие. Откога ќе зоврие додадете го спанаќот и гответе уште 10 минути. На крајот послужете со кисела павлака или јогурт.