Кадмиум е метал кој се користи за изработка на накит, а најмногу се содржи во евтиниот, кој сериозно може да го загрози здравјето. Станува збор за многу евтин материјал, кој токму поради овој факт, многу често се користи.

Меѓутоа, голтање или вдишување на кадмиум може да доведе до оштетување на бубрезите и до остеопороза, велат од Центарот за контрола на болести и превенција.

Значи, евтините варијанти содржат никел, кој предизвикува алергиски реакции, како и олово или кадмиум.

Всушност, зголемената употреба на кадмиумот е резултат на одбегнувањето на оловото, кој е токсичен, но, кинеските произведувачи го заменија оловото со уште поштетниот кадмиум.