Не можам да ѝ одолеам…МАРКИЗА ТОРТА…Кралица на сите слави и прослави…Тортата Маркиза, некрунисаната кралица на сите слави и прослави.
Маркиза тортата е богата со целосно кремаст вкус, а толку лесно се подготвува. Кората не треба да се пече и затоа подготовката е релативно брза…
Ако го сакате рецептот за Маркиза без јајца, ќе го најдете најдолу под овој рецепт. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12 јајца
300 г шеќер
300-400 г чоколадо за готвење
375 г путер на собна Т
200 мл млеко за натопување на пишкотите
екстракт од рум за во млекото, по желба
2 пакувања пишкоти
шлаг за декорација на тортата
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ги жолчките со шеќерот додека да станат кремасти, па згответе ги на пареа 10-тина минути со непрекинато мешање.
Додајте го чоколадото и мешајте додека да се растопи и соедини. Оставете да се олади па кремот соединете го со пенасто изматениот путер.
Белките пенасто изматете ги во цврст снег (по желба и нив термички обработете ги на пареа), па лажица по лажица додавајте ги во чоколадниот крем и соединете со миксер.
Пишкотите кратко натопувајте ги со рамната страна во млекото и редете ги околу обрачот во калап за торта. Потоа наредете го и дното со пишкоти, па сипете го филот.
Оставете во фрижидер преку цела ноќ, а следниот ден декорирајте со шлаг. Постапката погледнете ја во видеото ОВДЕ:
ЧОКОЛАДНА МАРКИЗА БЕЗ ЈАЈЦА: Наједноставна, а најубава, за 1 минута се прави