Благородничката торта наречена „маркиза“ е најлесната торта за приготвување, една од добро познатите старински торти. Секој може да ја направи, ќе ви успее од првпат, а најдоброто е што во овој фил не идат јајца, па совршена е за летниот период.




Маркиза е една од најпознатите торти, омилена за почетниците, бидејќи тоа е тортата која обично секој за првпат ја приготвува, бидејќи е неверојатно едноставна. Чоколадниот мус и пишкотите ја прават совршена, а дополнителен плус е тоа што не се пече.




Некогаш, во старинските рецепти за Маркиза се ставаа и јајца, како и повеќето домашни торта, но бидејќи домаќинките се многу претпазливо во топлиот период и одбегнуваат торти со јајца, овој рецепт го нуди токму тоа, вкусен фил без јајца, кој сепак тортата ја прави необично вкусна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 г пишкоти (дебели, а долги бисквити), 200 мл млеко за натопување на пишкотите. ЗА ФИЛ: 1 литар млеко, 150 г шеќер, 3 лажици пченкарен скроб/нишесте/густин, 3 лажици брашно, 3 лажици какао, 100 г чоколадо. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: слатка павлака или шлаг и кокос за наросување




ПОСТАПКА: Земете еден долгнавест, а длабок калап за ролати или за леб (може и облик каков имате) и убаво обложете го на дното и страните со стреч-проѕирна фолија, но да виси од страните за да можете тортата на крај да ја поклопите од сите страни.




Пишкотите натопувајте ги кратко во млекото и редете ги во калапот. Обложете ги страните и дното. Во подлабок сад измешајте ги млекото со шеќерот, скробот, брашното и какаото, па мешајте додека убаво да се соединат, без грутчиња.




Ставете на оган и варете ја смесата со непрекинато мешање додека да се згусне, исто како пудинг. Во врелиот филот додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека тоа да се растопи и инкорпорира во филот.




Топлиот фил истурете го во приготвениот калап обложен со пишкоти. Затворете го одозгора со последен ред шишкоти, исто така кратко натопувани во ладно млеко.

Прекријте со проѕирната фолија, па колачот оставете го во фрижидер да се стегне најмалку три часа. Декорирајте со изматена павлака и кокос. Деталите погледнете ги ОВДЕ.