Не можам да ги поднесам, дома немам овошје а ми врие од мушички – еве како се ослободив од нив!

Една мајка открила најдобар трик против мушички: после неколку часови сите исчезнале! И што е најинтересно, трикот е многу лесен и едноставен.

Тина Смит од Даблин на својот Фејсбук профил споделила фотографија од трикот како успеала да се ослободи од винските мушички во кујната, а многу едноставно.

-Има ли уште некој проблем со овие мушички? Јас немам овошје, а сеедно имам многу мушички, одвратно – напишала таа и открила како се ослободила од нив.

Едноставно е: во неколку шолји ставила јаболкова киселина, ги затворила одозгора со проѕирна фолија и со чепкалка за заби направила мали дупчиња.

Имено, мушичките ги привлекува слаткастокисел мирис, па влегуваат во шолјичките од каде не можат да излезат.

-Во првите половина час во шолјата се наполнија околу 20 мушички, а после само неколку часа исчезнаа целосно! – напишала Тина.

Loading...