Не мора да барате доилка, има подобро решение за јачмен на око

Иако се појавува и кај возрасни луѓе, јачменот е главно детска болест. Тоа е гнојно воспаление на ситните жлезди кои се наоѓаат на трепките и кои излачуваат маст за подмачкување на трепките.

Болеста е непријатна, бидејќи предизвикува пречки и болки. Најпрво отекува, потоа се стврднува и постепено се зголемува.

Кога ќе созрее, т.е. кога во него ќе се развие гнојниот чир, потребно е да се отвори за да може гнојот да истече. Понекогаш пукнува сам, па гнојот, посебно ноќе се разлева во окото.

Јачменот често се враќа поради постојано триење на окото, или поради стеснување на каналот кој ги спојува носот и окото.

Loading...

ЛЕКУВАЊЕ:

Врз очниот капак се става облога од натопена памучна крпа со домашна ракија од сливи, која треба да отстои еден час.

Потоа се става нова облога од натопена памучна крпа во маслиново масло со која треба да се преноќи. Наутро се плакне со млак чај од камилица:

5 г камилица се прелива со половина литар превриена вода, да стои поклопено додека да се излади.

Со овој чај треба да се измива окото трипати дневно.

Loading...