Не ми се веруваше, ама морав да пробам-кашлицата преку ноќ исчезна како со рака однесена

Ви го претставуваме рецептот и искуството на наша читателка која неодамна ни го испрати, со надеж дека ќе им биде од корист и на другите со сличен проблем.

„Здраво, сакам да споделам со читателите на НМД.мк еден неверојатен метод за лекување на кашлица. Барем за мене беше неверојатен од почетокот…Сè додека не го испробав.

Имено, многу е едноставен рецептот, евтин и буквално делува преку ноќ. Како делува не ми е јасно, но навистина е ефикасен.

Еве за што станува збор: мојот сопруг инаку пензионер, неодамна настина и оттогаш закачи некоја кашлица која не поминуваше. Што сè не пробавме, од разни сирупи до чаеви, но ништо не помагаше.

Кој и да се јавеше да праша ние само се жалевме од кашлицата на сопругот. Ни се наруши и спиењето. Докторката креваше раменици, ни велеше дека не слуша никаков наод на слушалки, а тој си продолжуваше да кашла. Имаше ноќи кога се да-веше од кашлање.

Една моја стара пријателка, инаку медицинско лице, уште на почетокот ми го кажа лекот кој ќе ви го откријам, но да бидам искрена, толку ми се чинеше бесмислен што воопшто не го зедов во предвид, па дури се почудив што така учена жена ми нуди бесмислици како совет.

Но верувајте, со сопругов станавме очајни зошто кашлицата веќе предолго се развлече. И тогаш си реков да го пробаме, па на крајот од краиштата ништо не можеме да изгубиме. И како што рекле старите: лекот некогаш ни пет пари не чини, ако имаш ксмет ќе го дознаеш и ќе го пробаш.

Еве вака: ставете на оган една чаша кока кола. Откако ќе зоврие исклучете го огнот, оставете уште минута-две, па тргнете. Треба да се испие топло. Кај мојот сопруг делуваше веднаш и како некое чудо кашлицата му исчезна преку ноќ. Веќе следниот ден престана да кашла.

Пријателката рече дека може да се пие по потреба до 4 чаши во денот, но да не се претерува зошто содржи шеќер и кофеин. Кај нас за среќа немаше потреба, од една чаша помина. Можеби некому ќе помогнам, па затоа го споделувам моето искуство. Споделете и вие“, напиша читателката.

Според искуството на читателите откога за првпат ја објавивме сторијата, ова всушност и не е толку непознат лек за грло и кашлица, честопати се користи ширум светот за третирање на овие состојби, а вкусот и дејството му се засилуваат со додавање на лимон и ѓумбир.

Коментар на Рената Смит: “Во суво ѓезве ставете на оган 2 до 3 лажички шеќер. Внимавајте да не поцрне, треба да добие карамел боја со повремено кревање и спуштање пак на оган. Кога шеќерот ќе биде растопен и ќе добие подеднаква боја, ставете вода колку за една шолја чај, да зовријат заедно и убаво да се одлепи шеќерот, да добиете напиток како чај.

Тргнете го ѓезвето од оган и чајот сервирајте го во шолја со мало гранче сув босилек и половина лажичка путер. Поклопете со тацна 3 минути, а потоа уживајте во вкусот. Преубаво и корисно за болки во грло и кашлица. Може да се консумира трипати на ден. Поздрав”

Претходна статијаОфарбајте јајца во бело вино – светликави јајца со шеќер
Следна статијаБлагодарение на вербата, по посетата на Бигорскиот манастир јас се излекував