Повеќето од нас се борат со вишокот килограми, па доколку и вие спаѓате во оваа група, треба да знаете дека клучот на успехот е во здравите прехрамбени навики и редовната физичка активност.

Покрај тоа, доколку го користите овој напиток, резултатите ќе бидат неверојатно брзи и одлични, а најдобро од сè е што за приготвување ќе ви бидат потребни само неколку едноставни состојки.

Овој напиток е познат и голем број жени во светот веќе го користат. Напомена: Овој домашен напиток е многу едноставен и лесен за приготвување. Само следете го едноставното упатство.

Потребни состојки: 8 чаши вода, 1 рендан корен од ѓумбир (помал), 1 краставица излупена и исечена на тркалца, 1 лимон исечкан на тркалца, 12 листови нане, 1 мала лажичка суво нане

Постапка: Сите состојки ставете ги во блендер. Доколку ѓумбирот ви е премногу силен, ставете само 1 или 2 супени лажици рендан корен. Смесата убаво промешајте ја со водата и скадирајте ја во фрижидер да отстои преку ноќ.

Следниот ден се консумира: Првата чаша е најдобро да се испие наутро пред појадок, на празен стомак. Остатокот испијте го во текот на денот, најмалку 4-5 чаши.

Нутриционистите велат дека со редовна консумација на овој напиток и телесна активност, се топат масните наслаги на стомакот и помага да добиете рамен струк каков отсекогаш сте посакувале.

Оние кои го консумирале овој напиток, коментираат дека резултатите што ги постигнале се повеќе од што очекувале, а некои од нив ослабеле дури и 26 кг во подолг временски интервал. Напитокот се пие 4 дена по ред, а потоа се прави една седмица пауза.

Ако сакате да ослабете, мора да ги намалите оброците. За да спречите разни болести и да оздравите, важно е здраво да се храните и да одржувате нормална телесна тежина.

Дебелите луѓе имаат поголема шанса да добијат срцев и мозочен удар, дијабетес и други проблеми. Со консумација на повеќе сол и маст се затнуваат крвните садови, па затоа, лошите навики заменете ги со здрави и бидете физички активни.