Овој рецепт долги години го користам, а го прочитав од списание. Многу е ефикасен и затоа го споделувам со вас, можеби некому ќе му помогне.

За приготвување на чајот се користат зачини кои се одлични и моќни, токму за оваа намена. Најчесто се пие после празници или тешки и масни оброци за да го ослободи телото и полесно да се исфрлат мастите. Не се препорачува за многу слаби луѓе.

Потребни состојки:

80 г грчко семе
100 г коријандер
100 г ким
100 г анасон

Постапка:

Сите наведени состојки можете да ги купите од продавница за здрава храна или Билна аптека. Наведените состојки измешајте ги и затворете ги во стаклена тегла.

Една голема лажица прелијте со 1-1,5 литар зовриена вода, поклопете и оставете половина час.

Потоа процедете го чајот. Се пие во текот на целиот ден. Чајот се пие 15 дена после празници кога сме прејале или некои масни оброци.

Како што наведов, се пие 15 дена и не смеат да го пијат многу слаби луѓе. Пред консумација консултирајте се со вашиот лекар.