Кога го јадете ананасот, не фрлајте ја кората, туку од неа направете чај!

Ананасот има бројни позитивни својства, а помеѓу останатото, делува како диуретик, бидејќи го елиминира вишокот задржани течности во меѓуклеточниот простор, ги исфрла токсините од телото, ги чува коските од остеопороза и др.

Но, повеќето луѓе го јадат само плодот од ананасот, а неговата кора ја фрлаат. Тоа е грешка, бидејќи кората на ова овошје е богата со антиоксиданти, па го намалува ризикот од појава на рак, го штити срцето и крвните садови…

Затоа, кога јадете ананас, не фрлајте ја кората, туку од неа направете чај и тоа на многу едноставен начин.

Потребни состојки:

1 ананас – кора
2 литри вода

постапка:

Пред да го исечете ананасот, добро измијте го со ладна вода и оставете го половина час во тенџере полно со ладна вода, каде претходно сте раствориле една лажица сода бикарбона.

Потоа убаво измијте го уште еднаш под силен млаз ладна вода и исечете го како што тоа вообичаено го правите.

Но, овојпат кората не фрлајте ја. Плодот најдобро е да го изедете сиров, бидејќи на тој начин ќе ги сочувате корисните ензими, а кората исечкајте ја на поситни парчиња (не мора многу ситно).

Ставете ја во тенџере во вода и гответе околу половина час на тивок оган (откако ќе проврие, намалете). Оставете да излади, па процедете. Доколку ви се чини дека чајот е премногу силен, тогаш разблажете го со уште вода.

Складирајте го и чувајте го во термос или во фрижидер. Се пие преку целиот ден, како сок, наместо вода.

По желба, можете да го засладите со мед и да додадете сок од еден – два лимони, неколку листови нане или некои други здрави состојки по ваш вкус.